1Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи:
22 Мојс 30,18-21; Лк 11,38; Гал 1,14; Кол 2,8„Зошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Зошто не си ги мијат рацете кога јадат леб?“
3А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
419,19; 2 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мк 7,10; Лк 18,20; Ефес 6,2Зашто Бог заповедал и рекол: ‚Почитувај ги татко си и мајка си‘, и ‚кој говори лошо против таткото свој или мајка си, со смрт да се казни‘.
5А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, е ветено за Господ‘,
6тогаш тој може да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание!
76,2; 23,13Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:
8Ис 29,13
12,34; Пс 78,36-37‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене;95,20; Кол 2,22но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘“
Што го осквернува човекот?(Мк 7,14-23)10И како ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете!
1112,34Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“
12Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“
13Ис 5,1-7; Лк 13,6-9; Јн 15,2А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;
1423,16.19.24; Лк 6,39; Рим 2,19оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обата ќе паднат во јама.“
15Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“
16Мк 4,13А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате?
17Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор?
18А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа го осквернува човекот;
19Рим 1,29-30; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,19-21; 1 Птр 4,3; Откр 21,8зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;
20тоа го осквернува човекот. А јадењето со неизмиени раце не го осквернува човекот.“
Верата на една Хананејка(Мк 7,24-30)21И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска.
229,27; Мк 10,47-48; Лк 18,38-39И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“
23Лк 11,8Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“
2410,5-6А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на домот израелски.“
25Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“
267,6Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“
27Лк 16,21Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“
288,10.13Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!“ И во тој час оздраве ќерката нејзина.
Исус исцелува многу народ(Мк 7,31)29 Мк 7,31 Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму.
3011,5; 19,2; 21,14И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фатени и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели,
318,3; 11,4-5; Мк 7,37така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израелов.
Исус нахранува над четири илјади души(Мк 8,1-10)32 9,36; 14,15 А Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по патот.“
332 Цар 4,43Но учениците Негови Му рекоа: „Каде ќе земеме толку леб во пустинава за да нахраниме толку народ?“
3414,17-21; Мк 6,33-44; Лк 9,13-17; Јн 6,9-13Исус ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум и неколку риби.“
35Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата.
361 Кор 11,24И земајќи ги седумте лебови и рибите, благодари, ги прекрши и им ги даде на учениците Свои, а учениците – на народот.
372 Цар 4,44; Пс 78,29; Мк 8,20И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кошници.
38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата.
39Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во Магдалските предели.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.