2 Петар 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Треба да се пазиме од лажни и порочни учители(Јуда 1,4-13)

1 5 Мојс 13,2-6; Мт 24,24; Мк 13,21-23; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1 А во народот имаше и лажни проро­ци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.

2Дела 9,2; Рим 2,24И мнозина ќе појдат по нивните не­чистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен.

3Ис 52,5; Јуда 1,4И, побудувајќи ве од користољу­би­вост, ќе ве привлекуваат со ласкави збо­рови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.

4Мт 8,29; Јуда 1,6Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот;

51 Птр 3,20и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное, проповедникот на правдата;

61 Мојс 19; Мт 10,15; Јуда 1,7и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на ид­ни­те безбожници,

7Лк 17,29а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.

8Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа;

91 Кор 10,13; 2 Сол 1,5-10; Јуда 1,6значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден;

10Јуда 1,7-8а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни по­хоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,

11Јуда 1,9но дури ни ангелите, кои се пос­наж­ни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.

12Пс 49,12-14; Јуда 1,10А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,

13Јуда 1,12добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;

14имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­вр­дените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!

154 Мојс 22,7; Јуда 1,11; Откр 2,14-15Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда,

164 Мојс 22,28но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.

17Јуда 1,12-13Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш.

18Јуда 1,16Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и не­чис­то­тија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.

19Јн 8,34; Рим 6,16-17Им ветуваат слобода кога тие са­ми­те се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.

20Мт 12,45Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото!

211 Кор 11,2; Јуда 1,3За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена.

22Изреки 26,11; Лк 12,47-48Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња – во калта.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help