Исаија 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Етиопија ќе биде казнета

1 11,11; Соф 3,10 Тешко ѝ на земјата, која мафта со крилја од онаа страна на ети­опските реки,

245,14; 57,9која испраќа гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој сѐ победува, чија земја реки ја пре­сечуваат.

35,26; Јоил 2,1Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ќе се крене знаме на планините, кога ќе затруби трубата!

457,15; Ос 5,15; Пс 33,14; 133,3; 2 Лет 6,30Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиш­те, како светла жега – по дожд, како облак роса – при жетвен припек.

5Јн 15,2Зашто пред гроздобер, кога грозјето ќе процути, и гроздот ќе почне да узрева, Тој ќе ги исече со ноже прач­ките и ќе ги отстрани, и ќе ги искастри фидан­ките.

637,36; Ер 12,9Ќе остават сѐ на грабливите пла­нински птици и на полските ѕверови: и птици ќе летаат таму, а полските ѕверови таму ќе зимуваат.

726,2; 56,4-7; 5 Мојс 12,5; Соф 3,10; Пс 68,29; Дела 8,27Во она време ќе биде принесен дар на Господ Саваот од народ јак и бо­дар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг на­род, чија земја реки ја пресечуваат, – кај местото, каде што е името на Господ Саваот врз гората Сион.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help