Неемија Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведКнигата Неемија е продолжеток на книгата Ездра, со која прави една целина. Таа содржи лични записи, кои би можеле да се сметаат како лични мемоари на Неемија.Световното лице Неемија, современик на свештеникот Ездра, како значаен чиновник на дворот на Артаксеркс, императорот на Персија добива од својот господар овластување да се врати во Ерусалим за да се завземе околу политичката, економската и социјалната обнова на неговата татковина (1,1–2,10). Откако пристигнува на одреденото место, и покрај спротивставувањето на извесен број непријатели, тој добива поддршка од голем број сонародници со кои ги обновува ѕидините на Ерусалим (2,11–7,72). Тој се приврзува кон Ездра, за време на една свечена религиозна церемонија. Додека таа траела, Ездра наредува да се прочита Божјиот закон. Левитите го толкуваат законот за оние кои повеќе не разбираат еврејски, и народот ги возобновува своите обврски кон Бога (8,1–10,40). Откако применува бројни мерки од суштински политички карактер, Неемија го организира осветувањето на поправените ѕидини (12,27-43), а потоа спроведува извесен број реформи од религиозен карактер (12,44–13,31).Во ликот на Неемија, чие име го носи оваа книга, откриваме активен, претприемчив, чесен и храбар човек, кој за секоја своја активност во заедницата, барал совети и помош од свештенството.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help