Римјаните 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1Која е предноста на Јудејците, или која е ползата од обрезанието?

29,4-5; 5 Мојс 4,6-8; Пс 103,7; 147,19-20; Јн 4,22Голема, на секој начин, и пред сѐ што ним им се доверени Божјите обја­вувања.

3Пс 89,30-37; 2 Тим 2,13Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната безверност ќе ја уништи Божјата верност?

4Пс 51,6; 116,11Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покаже дека си праведен во зборовите Свои, и да победиш кога ќе ти се суди.“

51,18; 1 Кор 9,8; Гал 3,15Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност, што би можеле да речеме тогаш? Дали е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек.

6Никако! Зашто, како Бог ќе може да го суди светот?

7Зашто, ако вистината Божја се возвеличува преку мојата лага за слава Негова, па зошто тогаш да бидам осуден како грешник?

86,1.15Зарем тогаш не би требало да прави­ме зло, за да излезе добро? Впрочем та­ка и хулат некои луѓе на нас и велат де­ка така учиме. Тие се справедливо осудени.

Никој не е праведен

9 1,18–2,29; 3,23; 11,32 Па дали имаме некакво предимство? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека се сите под грев,

10Пс 14,1-3; 53,1-4како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,

11нема разумен, нема кој да Го бара Бога;

12Проп 7,20сите се отклонија, заедно станаа развратни; нема кој да прави добро, не­ма ниту еден.“

13Пс 5,10; 140,4„Грлото нивно – отворен гроб; со ја­зиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров,

14Пс 10,7устата нивна е полна со клетва и горчина.

15Ис 59,7-8

Изреки 1,16Нозете нивни им се брзи за пролевање крв;

16пустошење и маки по нивните па­тишта;

17тие не го познаа патот на мирот.

18Пс 36,2Страв Божји нема пред очите нивни.“

19Знаеме дека сѐ она, за што зборува Законот, се однесува на оние, што се под Законот, за да се затвори секоја ус­та, и така целиот свет да стане виновен пред Бога,

207,7; Пс 143,2; Гал 2,16зашто преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој; бидејќи преку Законот се познава гре­вот.

Праведноста се добива преку вера

21 1,16-17 А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците.

221,17; Гал 2,16Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика,

233,9; Ефес 2,4-10сите згрешија и лишени се од славата Божја.

24Ефес 2,8; Тит 3,7Но ќе бидат оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос.

253 Мојс 16,12-16; Дела 17,30; Ефес 1,7; Евр 9,5.15; 1 Јн 2,2; 4,10Него Бог Го постави со крвта Своја да биде жртва за помирување преку ве­рата, за да ја покаже Својата праведност во опростувањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение,

262 Мојс 34,6-7; Ис 48,9; 53,11за да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус.

272,17; 1 Кор 1,31; Гал 6,13-14; Ефес 2,9Каде е, пак, пофалбата? Таа е ис­клучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата.

285,1; Дела 13,39; Гал 2,16; Ефес 2,9Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.

29Или можеби Бог е пак само на Ју­дејците, а не и на незнабошците? Се разбира, Тој е и на незнабошците,

304,11-12.16бидејќи еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера.

31Мт 5,17-19А дали го укинуваме Законот преку верата? Никако, туку уште посилно го утврдуваме.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help