3 Јован Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)
ВоведОва послание, исто така напишано од „старешината“, односно „свештеникот“ (ст. 1; 2 Јн 1), е упатено до некој си Гај. Ние ништо не знаме за овој човек, освен дека тој останал верен на вистината. Неговиот став е спротивен на Диотрефовиот, влијателен член на заедницата кој го клевети „старешината“ и му го откажува гостопримството.Писателот го пофалува Гај поради неговата верност и неговите услуги што им ги направил на христијаните (ст. 1–8).Ќе се забележи, судејќи според ова послание, дека гостопримството, дочекот резервиран за браќата, е форма на љубов и на верност во вистината.