Еремија 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 5,7-8; 23,10; 1 Цар 19,3-4; Пс 55,6-8 О, кога некој би ми дал во пустината пребивалиште! Би го оставил мојот народ и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, банда на престапници.

Господ му одговара на Еремија

2 9,23; Ос 4,1 Како лак го запнуваат јазикот свој за лаги, со неправда се засилуваат на земјата; зашто минуваат од едно зло на друго и Мене не Ме познаваат, вели Господ.

312,6; Мих 7,5; Пс 41,9Пазете се секој од пријателот свој, и не доверувајте се никому од браќата свои; зашто секој брат му става сопка на другиот, и секој пријател разнесува клевета.

4Пс 12; 120Секој го лаже пријателот свој, и вистина не говорат: го научија јазикот свој да говори лага, се трудат да прават зло.

5Јн 3,11Насилство врз насилство, измама врз измама! Не сакаат да Ме познаат, вели Господ.

66,27; Ис 1,25Затоа вака вели Господ Саваот: ете, ќе ги растопам и ќе ги испитам; зашто, како инаку да постапам со ќерката на Мојот народ?

718,18; Пс 57,4; 64,4; Пс 28,3; Мт 26,49Јазикот нивни – стрела смртоносна, говори подмолно; со устата кон ближниот зборуваат пријателски, а во срцето свое му кројат примки.

832,18; 44,22; Рим 2,2Зар нема да ги казнам, вели Господ? Нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?

Еремија го оплакува својот народ

9На горите ќе кренам плач и пискот, и по пасиштата во степите – ридание, зашто тие се изгорени, така што преку нив никој не минува, ниту се слуша блеење на стада: и птиците небески и добитокот – сѐ се распрснало и избегало.

1026,18; 51,37И ќе го претворам Ерусалим во купишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ќе ги направам пустина без жители.

Зошто запусте земјата?

11 5 Мојс 32,29; Ос 14,10; Пс 107,43 Има ли таков мудрец, што ќе го разбере ова? На кого му говорела устата Господова, па да објасни, зошто за­гина земјата и изгоре како пустина, така што никој не минува низ неа?

12И рече Господ – поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него,

133,17; Ис 65,2туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни.

14Откр 8,11Заради тоа вака вели Господ Са­ваот, Израеловиот Бог: еве, ќе ги на­хранам тие луѓе со пелин, ќе ги напојам со затруена вода.

1513,24; 15,14; 49,37И ќе ги растурам меѓу народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни и ќе испратам по нив меч, сѐ додека не ги истреби.

Тажачки

16 Проп 12,5 Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; испра­тете да дојдат вешти жени за таа работа.

178,23Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече.

18Затоа што глас од плач се слуша откај Сион: „Како нѐ ограбија, лошо сме посрамени; принудени сме да ја ос­тавиме земјата, зашто нашите куќи ни ги разурнаа.“

19Па така, слушајте го, жени, словото од Господ и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги ќерките свои на плач, и една со друга – на тажни песни:

206,11; Јоил 2,9; 5 Мојс 32,25; Плач 1,20„Смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куќите наши, за да ги истреби децата од улиците и младината од плоштадите.“

21Јов 5,26Кажи им, вака вели Господ: ќе бидат фрлени труповите на луѓето како ѓубре во поле и како снопја зад же­т­вари, и не ќе има кој да ги собере.

Што сака Господ?

22 Изреки 3,5; 21,30; Проп 9,11 Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое.

2316,21; 22,16; Пс 34,2; Јн 17,3; 1 Кор 1,31; 2 Кор 10,17А кој се фали, нека се фали со тоа дека Ме разбира Мене и дека знае дека Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; зашто само овие работи Ми се угодни, вели Господ.

24Ете идат денови, вели Господ, кога ќе ги казнам сите кои се само надво­решно обрезани:

25Египет и Јудеја, Едом и синовите Амонови, Моав и сите кои се стрижат од страна, што живеат во пустината; зашто сите тие народи се необрезани, а и сиот дом Израелов има срце необрезано.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help