1Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небесниот Бог.
218,2И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!
3Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна.
417,8; 5 Мојс 32,11; Рута 2,12; Мт 23,37Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана.
5Изреки 3,25; Песна 3,8Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење,
65 Мојс 32,24; Ер 15,8; Ос 13,14од чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне.
7Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат;
8само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите.
9Зашто, Господ ти е засолниште, надеж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште;
105 Мојс 7,15; Изреки 12,21зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој;
11Мт 4,6; Евр 1,14затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за тебе, да те чуваат на сите патишта твои.
12Изреки 3,23Ќе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја;
13Ис 11,8; Јов 5,19-22; Мк 16,18; Лк 10,19на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе згазуваш.
149,10„Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое.
15Ис 43,2; Ер 33,3Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него ќе сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам,
1623,6; 50,23; Јов 5,26; Изреки 3,2; 10,27ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
