1 Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израелов!“
14А Исус, откако најде едно, седна на него, како што е напишано:
15Ис 35,4; Зах 9,9„Не плаши се, ќерко, Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на магаре.“
162,22; 14,26; Мк 4,13; Лк 24,45Но ова учениците Негови не го разбраа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека тие Му го направија тоа.
1711,43-44Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше.
18Затоа и Го пречека народот, зашто беше чул дека тоа чудо го направи Тој.
193,26; 11,47-48; Мк 1,37; Дела 5,28А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“
Некои Елини Го бараат Исус20Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини.
211,44; 7,34; Лк 19,3; 23,8Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“
22Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус.
2311,4; 13,1; 17,1; Мт 8,20; Мк 14,35.41Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Човечки.
24Ис 53,10-12; Мт 16,21; Рим 14,9; 1 Кор 15,36Вистина, вистина ви велам: ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод.
25Мт 16,25; Мк 8,35; Лк 9,24; 14,26; Откр 12,11Кој го сака животот свој, ќе го загуби; а кој го мрази животот свој на овој свет, ќе го запази за вечен живот.
2614,3; 17,24; Мт 4,19; 16,24; Мк 8,34; Лк 14,27Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. И кој Ми служи Мене, него ќе го уважува и Мојот Отец.
Исус говори за Својата смрт27 11,33; 16,21; 18,11; Пс 6,4.5; 42,5.11; Мт 26,38; Евр 5,7-8 Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов за овој час.
2813,31-32; 17,1-11; Мт 3,17Оче, прослави го името Свое!“ Тогаш дојде глас од небото: „И Го прославив, и пак ќе Го прославам.“
29Лк 22,43; Дела 23,9А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, рекоа: „Ангел Му проговори!“
3011,42Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас.
313,19; 9,39; 14,30; 16,11; Лк 10,18; Ефес 2,2; Откр 12,9; 20,1-6Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор.
323,14; 8,28; 14,3; Фил 2,9-10И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.“
3318,32; 21,19А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре.
342 Сам 7,16; Ис 9,6; Ез 37,25; Пс 89,4.36; 110,4; Мт 8,20Народот Му одговори: „Сме слушале од Законот дека Христос вечно ќе остане, а како Ти велиш дека Синот Човечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“
357,33; 8,12; 9,4; Ер 13,16; 1 Јн 2,11Тогаш Христос им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека има Светлина за да не ве опфати темнина; а кој оди по темнина, не знае каде оди.
368,59; Лк 16,8; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5Додека ја имате Светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.
Неверството на народот37 2,11; 5 Мојс 29,1-3; Мт 11,20; Рим 10,16; Евр 4,2 Иако толку чудесни знаци беше направил пред нив, тие пак не веруваа во Него,
38Ис 53,1; Рим 10,16за да се исполни словото од пророкот Исаија, кој рече: „Господи, кој поверува во она што чул од нас? И раката Господова кому се откри?“
395,44Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели:
409,39-41; Ис 6,10; Мт 13,13-15; Дела 28,26-27„Ги ослепи очите нивни, ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите и со срцето да не разбираат, и да не се обратат за да ги излекувам.“
411,14; 5,39; Ис 6,1Ова го рекол Исаија кога ја беше видел славата Негова и зборувал за Него.
422,23; 7,31; 9,22; 16,1-4; Лк 6,22Но, и од началниците мнозина поверуваа, само заради фарисеите не признаваа за да не бидат исклучени од синагогата;
435,44зашто им беше помила човечката слава отколку славата Божја.
Словото на Исус ќе суди44 5,24; 13,20; Мт 10,40 А Исус подигна глас и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној Кој Ме пратил,
451,18; 14,9кој Ме гледа мене, Го гледа Оној Кој Ме пратил.
468,12; 9,5Јас – Светлина – дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина.
473,17; Лк 6,49; 8,21; 11,28И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, зашто не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам.
488,37.47; 5 Мојс 18,18-19; 31,26-29; 1 Сол 4,8Кој се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го суди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден.
497,17; 8,26.28; 14,10.24Зашто Јас Сам од Себе не зборувам, но Отецот, Кој Ме прати. Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.
506,40; 17,2; 1 Птр 4,11И знам дека заповедта Негова е живот вечен. А она што го зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.