Јов 39 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 Пс 104,18 „Го знаеш ли времето, кога дивите кози раѓаат по карпите, и си гледал ли како раѓаат срните?

2Можеш ли да ги преброиш месеците на нивната бременост? И го знаеш ли времето кога раѓаат?

3Тие се превиткуваат, и раѓајќи ги малечките свои, се ослободуваат од болките свои.

4Породот нивни зајакнува, расте во полето, си оди и не се враќа при нив.

511,12; 24,5; 1 Мојс 16,12; Ер 2,24; Ос 8,9Кој го пуштил на слобода дивото магаре и кој му ги разврзал врските негови,

6кому сум му ја одредил пустината за дом и соланите – за живеалиште.

7Тој се потсмева на вревата во градот и не го слуша викањето на терачот,

8си бара храна по горите и се впушта на секое зелено растение.

9Ќе сака ли еднорог да ти служи и ќе ноќева ли во твоите јасли?

10Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ќе ја браносува ли по тебе нивата?

114 Мојс 23,22; 5 Мојс 33,17; Пс 92,10Ќе се потпреш ли на него, бидејќи силата му е голема и ќе му ја оставиш ли нему твојата работа?

12Ќе му поверуваш ли дека тој ќе ги врати семињата твои и ќе ги донесе на гумното твое?

13Со своите крилја нојот радосно мав­та; какви нежни пердуви и какви перја тој има!

14Тој ги остава јајцата свои на земјата и ги топли на песокот,

15и заборава дека нога може да ги скрши или полска ѕверка да ги згази;

16Плач 4,3немилостив е спрема малечките свои, како да не се негови, и не се пла­ши дека трудот негов ќе биде залуден,

1735,11зашто Бог не му дал мудрост и не го надарил со разум;

18Пс 33,17; 147,10а кога ќе се извиши високо, му се потсмева на коњот и на јавачот негов.

19Ер 4,13; Авак 1,8; Зах 6,2-6Ти ли му даде сила на коњот и ти ли го украси вратот негов со грива?

20Можеш ли да го исплашиш како скакулец? Треперењето на ноздрите негови е ужас;

21ја рови со нога земјата и ѝ се восхитува на силата своја; оди спроти оружје;

22се смее на опасноста и не се плаши и не се отстранува од меч.

23Торба со стрели ѕвечка на грбот не­гов, болскаат копјето и топузот;

24Зах 6,7од немир и јарост голта земја и не може да стои при трубен звук;

254 Мојс 10,9; 31,6штом ќе засвири трубата, тој вриш­ти и оддалеку ја претчувствува битката, громкиот глас на војводите и викот.

26Ер 8,7Поради твојата мудрост ли лета јастребот и ги насочува крилјата свои кон југ?

27Ер 49,16; Авд 1,4На твојот збор ли се издига оре­лот и си вие гнездо на високо?

28Тој живее на карпа и ноќева на врв од стрмнината и на непристапни места;

29оттаму ја здогледува храната своја: очите негови гледаат далеку;

30Мт 24,21и малечките негови пијат крв; каде што има труп, таму е и тој.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help