2 Царевите 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Јуј помазан за цар на Израел

1 1 Цар 20,35 Пророкот Елисеј повика еден од пророчките синови и му рече: „Препашај си ја половината, земи го в рака овој сад со масло, па оди во Рамот Галаадски.

2Кога ќе дојдеш таму, најди го таму Јуј, синот на Јосафат, син Нимшиев, пристапи и кажи му да излезе меѓу своите браќа и воведи го во внатреш­ната соба;

31 Цар 19,16тогаш земи го садот со масло, излиј го врз главата негова и кажи: вака вели Господ: ‚Те помазувам за цар над Изра­ел.‘ Потоа отвори ја вра­тата, па бегај и не чекај.“

4Момчето, слуга на пророкот, отиде во Рамот Галаадски.

5И кога пристигна, ете, заповедници­те на војските испоседнале, а тој рече: „Имам нешто да ти кажам, заповеднику.“ Јуј праша: „Кому од нас?“ Тој одговори: „Тебе, заповеднику.“

6Јуј стана и влезе в куќи. И момчето го изли маслото врз главата негова и му рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚Те помазувам за цар над народот Господов, над Израел,‘

71 Цар 18,4и ти ќе го истребиш домот на Ахав, твојот господар за да се одмаздам за крвта на Моите слуги – пророците, и за крвта на сите слуги Господови, паднати од раката на Језавела;

8и ќе изгине целиот дом на Ахав, и ќе погубам во домот на Ахав сѐ што е машко, и оние што се во ропство, и оние што се на слобода во Израел,

9и ќе постапам кон домот на Ахав ка­ко што постапив со домот на Јеровоам, синот на Нават, и со домот на Баша, синот на Ахија.

101 Цар 21,23А Језавела кучиња ќе ја изедат на јизреелското поле, и никој нема да ја погребе.“ Па ја отвори вратата и избега.

11Ер 29,26; Ос 9,7И отиде Јуј кај слугите на господарот свој, и тие му рекоа: „Со мир ли? Зошто дојде тој безумник кај тебе?“ И им кажа: „Вие го знаете тој човек и што зборуваше.“

12И рекоа: „Не е вистина, кажи ни.“ А тој рече: „Тоа и тоа ми кажа, велејќи: вака вели Господ: ‚Те пома­зувам за цар над Израел.‘“

13Мт 21,7-8Тогаш тие побрзаа и секој си ја зеде својата наметка, и му послаа пред него по скалите, затрубија со труба и рекоа: „Јуј стана цар.“

Јуј подготвува завера против царот Јорам

14И стана Јуј, синот на Нимшие­виот син Јосафат, против Јорам, а Јорам се наоѓаше со сите Израелци во Рамот Галаадски на стража против арамеј­скиот цар Азаил.

15Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Јизреел од ра­ните што му ги нанесоа Арамејците, кога војуваше против царот Азаил. И Јуј им рече: „Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот за да оди да извести во Јизреел.“

16Јуј се качи на својата кола и тргна за Јизреел, каде што лежеше Јорам, и каде што беше дошол јудејскиот цар Охозија за да го посети Јорам.

172 Сам 13,34; 18,24-27; Ис 21,6-8; Ез 3,17На кулата во Јизреел стоеше стра­жар, и го здогледа Јехуевото мноштво, кога доаѓаше, и рече: „Многу луѓе гледам.“ И Јорам му рече: „Земи коња­ник, испрати им го во пресрет и нека праша: ‚Со мир ли доаѓате?‘“

18И излезе коњаникот на коњ за да ги пресретне и рече: „Вака вели царот: – со мир ли доаѓате?“ И одговори Јуј: „Што ти е тебе – дали со мир доаѓам? Тргнувај по мене.“ И стражарот јави и рече: „Стигна до нив, но не се враќа.“

19Испратија друг коњаник; тој отиде кај нив и рече: „Вака вели царот: – со мир ли доаѓаш?“ И рече Јуј: „Што ти е тебе – со мир ли доаѓам? Тргнувај по мене.“

20Стражарот пак јави и рече: „Стигна до нив, но не се враќа. А возењето, се чини, како да е на Нимшиевиот син Јуј, зашто тој вози така лудо.“

21Јорам рече: „Впрегнувај.“ И ја впрегнаа колата негова. Излегоа изра­елскиот цар Јорам и јудејскиот цар Охозија, секој на својата кола. Излегоа да го пресретнат Јуј, и се сретнаа со него во нивата на јизреелецот Навутеј.

Израелскиот цар Јорам умира

22Кога Јорам го виде Јуј, рече: „Со мир ли, Јуј?“ Тој одговори: „Каков мир при блудството на мајка ти Језа­вела и при многуте нејзини магии?“

23Тогаш Јорам се сврте и избега, ве­лејќи му на Охозија: „Предавство, Охозија!“

24А Јуј го оптегна со раката лакот и го удри Јорам меѓу плешките негови, и стрелата го прободе срцето негово, и тој падна во колата своја.

25Тогаш Јуј му рече на својот заповедник Бидкар: „Земи, та фрли го во нивата на јизреелецот Навутеј, зашто сети се кога ние со тебе одевме двајцата зад татко му Ахав, и како Гос­под изрече врз него вакво про­роштво:

26‚Навистина Јас ја видов вчера крвта на Навутеј и крвта на синовите негови, велеше Господ, и ќе ти се одмаздам во таа нива.‘ И така, земи, та фрли го во нивата, според словото Господово.“

Охозија, царот на Јудеја умира(2 Лет 22,7-9)

27Јудејскиот цар Охозија, кога го виде тоа, избега по патот кон куќата што беше во градината. И се спушти по него Јуј и рече: „Удрете го и него во колата.“ Тоа стана на ритчето Гур, близу до Јивлеам. И тој избега во Мегидо, и таму умре.

28Слугите негови го пренесоа во Еру­салим и го погребаа во гробницата не­гова, кај неговите предци, во Давидо­виот град.

29Беше единаесеттата година од вла­деењето на Јорам, синот на Ахав, кога во Јудеја стана цар Охозија.

Смртта на Језавела

30Јуј пристигна во Јизреел. А Језавела, откако слушна за тоа, стави црвило на лицето свое, ја накити главата своја и гледаше низ прозорецот.

31Штом Јуј влезе во портите, таа праша: „Дали носиш мир за Замвриј, убиецу на својот господар?“

32Тој ги крена очите кон прозорецот и праша: „Кој е со мене, кој?“ И го свртеа погледот кон него двајца-тројца дворски слуги.

33Ис 14,25; Мих 7,10; Мал 3,21; Пс 18,42; Лк 21,24; Откр 11,2Тогаш тој им рече: „Фрлете ја!“ Тие ја фрлија, и крвта ѝ се разлеа по ѕидот и по коњите, и ја изгазија.

34И кога дојде Јуј, јадеше, пиеше и рече: „Најдете ја онаа проклетница и погребете ја, бидејќи е царска ќерка.“

35Отидоа да ја погребат, но од неа не најдоа ништо, туку само черепот, нозете и шаките од рацете.

36Се вратија и му соопштија, а тој рече: „Такво беше словото на Господ што го изрече Тој преку слугата Свој Илија од Тишбе, велејќи: ‚Трупот на Језавела ќе го изедат кучиња на Јиз­реелското поле.

37Језавелиниот труп ќе биде на Јизреелското поле како ѓубре на нива, та никој не ќе може да каже: „ова е Језавела.“‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help