2 Коринтјаните 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Виденијата и откровенијата потврдени од Павле

1Да се фалам, нема полза, но ќе минам кон виденија и открове­нија Господови.

2Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.

32 Мојс 33,20И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае,

4Лк 23,43; Дела 2,7беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои чо­век не смее да ги каже.

511,16Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости.

6А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вис­тина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша.

711,28; Рим 9,2И, за да не се превознесувам со пре­многу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по ли­цето, да не се превознесувам.

8Мт 26,39-44Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене.

94,7; Ис 40,29Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се по­ка­жува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова.

107,4; Фил 4,13; Кол 1,24.29Затоа уживам во слабости, во на­вредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

Павле повторно вознемирен

11 11,5; 1 Кор 15,10 Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофа­лите, зашто со ништо не сум подолен од надапостолите, иако сум ништо.

12Дела 1,8; Рим 15,19; 1 Кор 2,4; 1 Сол 1,5Зашто знаците на апостолите се по­кажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела.

1311,9По што останавте подолни од дру­гите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!

1413,1Еве, по третпат се готвам да дојдам кај вас и пак нема да паднам на ваш то­вар; зашто јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку роди­те­лите за децата.

15Фил 2,17А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите.

16Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на из­мама.

1712,13Да не сум ве искористил можеби преку оние што ги испраќав кај вас?

188,16-22Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не ве исползува можеби Тит во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?

192,17; 3,1Одамна мислите дека пред вас се одбрануваме. Ние зборуваме пред Бога, во Христос, и сето тоа, возљубени, е за ваше изградување.

2010,11; Рим 1,29; 1 Кор 4,6Бидејќи се плашам дека можеби, кога ќе дојдам нема да ве најдам такви какви што сакам; а дека и вие нема да ме најдете таков каков што сакате: да не има можеби меѓу вас кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, озборување, горделивост, побуни;

212,1; 13,2кога повторно ќе дојдам, да не ме понижи мојот Бог кај вас, и да не треба да оплакувам за мнозина кои погре­ши­ле порано и не се покајале за нечис­то­тијата, блудството и срамот што ги направиле.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help