1 8,8; 9,5; Ос 1,1; Зах 14,5 Зборовите на Амос, еден од пастирите на Текоа, што ги чу во видение за Израел во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на израелскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред земјотресот.
2Ис 33,9; Ер 25,30; Ос 11,10; Јоил 4,16; Наум 1,4И рече тој: Господ ќе загрми од Сион и ќе го пушти гласот Свој од Ерусалим, и ќе свенат пасиштата пастирски, и ќе се исуши врвот на Кармил.
32,1.4.6; 2 Цар 8,12; 10,32-33; 13,3.7; Ис 17,1-3Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го поштедам, зашто го вршеа Галаад со железни орудија.
42,2.5; Ер 49,27Ќе пуштам оган на домот Азаилов, и тој ќе ги проголта дворците на Венадад.
52 Цар 16,9Па ќе ги скршам резињата на Дамаск и ќе ги истребам жителите на Бикат–Авен, и оној, што држи жезол, од Бет–Едем; народот на Арам ќе отиде во ропство во Кир, вели Господ.
Суд за Филистеја6 Ис.Н. 13,2; Ер 47; Соф 2,4-7; 2 Лет 21,16-17 Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја поштедам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едом.
7Ер 47,5; Соф 2,4; Зах 9,5-6И ќе испратам оган врз ѕидините на Газа и тој ќе ги проголта дворците нејзини.
82 Лет 26,6Па ќе ги истребам жителите на Ашдот, и оној, што го држи жезолот во Ашкелон, и ќе ја свртам раката Своја против Екрон, и ќе загине остатокот на Филистејците, вели Господ.
Суд за Тир (Феничаните)9 1 Цар 5,26; 9,11-14; Ис 23; Ез 26–28 Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го поштедам, зашто тие му ги предадоа на Едом сите заробеници, и не се сетија за братскиот сојуз.
10Ез 28,18; Зах 9,4Ќе пратам оган врз ѕидините на Тир, и тој ќе ги проголта дворците негови.
Суд за Едомците11 1 Мојс 27,41; 4 Мојс 20,14-21; 5 Мојс 2,1; Ис 34; Ер 49,7-22; Ез 25,12-14 Така вели Господ: за трите престапи на Едом и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги гонеше браќата свои со меч, погази секакво сочувство, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја потпалуваше јароста своја.
12Ќе испратам оган врз Теман, и тој ќе ги проголта дворците на Восор.
Суд за Амонците13 5 Мојс 2,19; 2 Цар 8,12; 15,16; Ер 49,1-6; Ез 25,1-7; Ос 14,1; Соф 2,8-11 Така вели Господ: за трите престапи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејќи тие ги распоруваа бремените жени во Галаад, за да ги прошират границите свои.
14Ис 28,2; Ер 49,2И ќе запалам оган во ѕидовите на Рава, и тој ќе ги проголта дворците нејзини со врисок во денот на бојот и со виор во денот на бурата.
15Ер 48,7; 49,3И ќе отиде царот нивни во ропство, тој и кнезовите негови заедно, вели Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.