1 3,1; 5 Мојс 8,2; Евр 2,18; 4,15 Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината за да биде искушуван од ѓаволот.
21 Мојс 7,4; 2 Мојс 24,18; 34,28; 4 Мојс 14,34; 5 Мојс 9,9.18; Дела 1,3И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
34,3.6; 11,27; 5 Мојс 1,31; Ос 2,1; Пс 2,7А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: „Ако си Син Божји, заповедај овие камења да станат лебови.“
45 Мојс 8,3А Тој му одговори и рече: „Напишано е – ‚Човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.‘“
5Ис 52,1; Неем 11,1; Откр 21,2.10Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на стреата од храмот
6Пс 91,11.12и Му рече: „Ако си Син Божји, скокни долу, зашто напишано е: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш ногата од камен.‘“
72 Мојс 17,2-7; 4 Мојс 14,22; 5 Мојс 6,16; Пс 78,18; 1 Кор 10,9А Исус му рече: „Напишано е исто така – ‚Не искушувај Го Господ, Твојот Бог.‘“
817,1; Ез 40,2Потоа ѓаволот Го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава
9и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.“
1016,23; 5 Мојс 6,13; 10,20Но, Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!‘“
11Мк 1,13Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и Му служеа.
Исусовата служба во Галилеја(Мк 1,14-15; Лк 4,14-15)12 14,3; Лк 3,20 А кога Исус чу дека Јован е предаден, отиде во Галилеја.
138,5; 11,23И кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум, на морскиот брег, во пределите Завулонови и Нефталимови,
14за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:
15Ис 8,23–9,1„Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, отаде Јордан, е незнабожечка Галилеја.
1610,27; Лк 1,79; Јн 8,12; Дела 26,18; 1 Кор 4,5; 2 Кор 4,6Народот, што седеше во мрак, виде голема светлина и на оние, што седеа во пределот на смртна сенка, им изгреа светлина.“
173,2; 5,3; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,21Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“
Исус ги повикува првите ученици(Мк 1,16-20; Лк 5,1-11)18 10,2; 19,27; Мк 3,16.18; Јн 1,35-42; 6,8; Дела 2,14; 1 Птр 1,1 И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари.
198,1.19-22; 13,47-50; Јн 21,3.19; 1 Птр 2,21; Откр 14,4И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“
20И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
2110,2; 17,1; Лк 5,10; Дела 1,13; 8,14-17; 12,2Потоа, одејќи понатаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика.
2219,27И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
Исус поучува и лекува(Лк 6,17-19)23 9,35; 24,14; Ис 52,7; Мк 1,14.39 И одеше Исус по цела Галилеја поучувајќи по синагогите, проповедајќи го Евангелието на Царството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот.
248,16; Мк 1,32-34; 6,55-56; Дела 5,16; 10,38Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведуваа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, месечари, фатени, а Тој ги оздравуваше.
25Мк 3,7-8И по Него одеше многу народ од Галилеја, Десеттоградието, Ерусалим и Јудеја, отаде Јордан.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.