1 Дела 9,15; 26,16-18; 1 Кор 1,1; Гал 1,10.15 Павле, слуга на Исус Христос, повикан за апостол, издвоен за Евангелието Божјо,
2кое Бог однапред го беше ветил преку пророците, во Светите Писма,
39,5; Откр 22,16за Својот Син, по тело роден од семето Давидово,
4Дела 13,33одреден како Син Божји во силата, по Духот на светоста, преку воскресението од мртвите, Исус Христос, нашиот Господ.
56,15-20; 15,15-18; Дела 9,15; 26,16-18; Гал 2,7.9; 2 Сол 1,8Преку Него добивме благодат и апостолство за да ги приведеме на послушност кон верата меѓу сите народи во Негово име,
6меѓу кои сте и вие, повиканите од Исус Христос.
7Дела 9,13; 1 Кор 1,2-3; 8,6; 2 Кор 1,1-2; Гал 1,3; 1 Тим 1,2; Тит 1,4; Фил 1,3До сите вас во Рим, возљубени од Бога и повикани да бидете свети: благодат и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос.
Желбата на Павле да ги посети христијаните во Рим8 16,19; 1 Сол 1,8 Пред сѐ, Му благодарам на Мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се разгласува по целиот свет;
915,16; 2 Кор 1,23; Ефес 1,16; Фил 1,8Бог, Кому Му служам со својот дух, преку Евангелието на Неговиот Син, сведок ми е дека постојано си спомнувам за вас
1015,23.32; Дела 19,21секогаш кога во молитвите свои се молам, та со Божја волја некако да ми се даде да дојдам кај вас.
11Зашто копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за да станете поцврсти,
12односно, взаемно да си помогнеме преку заедничката вера – вашата и мојата.
1315,22Би сакал да знаете, браќа, дека многупати бев на мисла да дојдам кај вас, да имам некаков плод и меѓу вас, како и меѓу другите народи, но сѐ досега бев попречуван.
141 Кор 9,16Должник сум кон Елините и варварите, кон мудрите и кон неразумните.
15Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.
Моќта на Евангелието16 2,9-10; Дела 13,46; 1 Кор 1,18.24 Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин.
173,21-26; Ис 56,1; Авак 2,4; Гал 3,11; Фил 3,9; Евр 10,38Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“
Слабоста и вината на човештвото18 Ефес 5,6; Кол 3,6; 2 Сол 2,12 Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.
19Дела 14,15-17Па така, она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го открил.
20Пс 19,1-3И навистина, она што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано според Неговите дела, па така тие немаат изговор.
21Ефес 4,17-18Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи;
22Ер 10,14; 1 Кор 1,20тврдејќи дека се мудри, тие обезумија,
235 Мојс 4,15-19; Ер 2,11; Пс 106,20; Дела 17,29и славата на непропадливиот Бог ја заменија со лик на смртен човек, на птици, на четириножни животни и на лазачи.
24Дела 14,16Затоа и Бог, според желбите на срцата нивни, ги предаде на нечистота, па сами да си ги обесчестуваат своите тела.
25Ер 16,19-21; 1 Сол 1,9Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот, Кој е благословен во вечни векови. Амин!
26Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни.
27И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.
28И бидејќи не се обидоа да Го задржат Бога во разумот свој, затоа Бог ги предаде на нивниот изопачен ум – да го прават она што не прилега,
291 Кор 5,10-11; 6,9-10; Гал 5,19-21; Ефес 5,3-5; 1 Тим 1,9-10; Тит 3,3; 1 Птр 4,3; Откр 21,8; 22,15исполнети со секаква неправда, лукавство, алчност, злоба; полни со завист, убиства, кавги, измами, злонамерност;
302 Тим 3,2-4озборувачи, клеветници, богомрасци, насилници, фалбаџии, горделивци, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,
31неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви.
32Тие, иако ја познаваат праведната одредба Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонаклонети и кон оние што ги вршат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.