Броеви 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Задолженијата на Левиевото колено

1 2 Мојс 6,27; 19,11 Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеј на планината Синај.

226,60; 2 Мојс 6,23; 28,1Еве ги имињата на синовите Аро­нови: првенецот Надав, Авиу, Елеазар и Итамар.

32 Мојс 30,30; 3 Мојс 8–9Тоа се имињата на Ароновите сино­ви, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.

43 Мојс 10,1-7Но Надав и Авиу умреа пред Гос­под, кога донесоа туѓ оган пред Господ во Синајската Пустина, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татко си Арон.

5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

65 Мојс 10,8; 31,9; 1 Лет 15,2; 2 Лет 29,11„Доведи го Левиевото племе и пос­тави го при свештеникот Арон, за да му служат;

73 Мојс 8,35и тие нека му служат на него и на целото општество израелско при скинијата на собранието, извршувајќи ги службите при скинијата;

8и да ги пазат сите сосуди во скинијата на собранието и да бидат на служба за синовите израелски во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.

9И дај му ги левитите на Арон, и на синовите негови; нека им бидат тие дадени како дар од синовите израелски.

102 Мојс 29,9; 30,7А на Арон и синовите негови пора­чај им да се грижат за свештеничката должност; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.“

11И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

122 Мојс 13,2.11-14; Мал 2,4; Неем 13,29„Ете, Јас ги зедов левитите меѓу си­новите израелски наместо сите првородени од синовите на Израел, што отвораат утроба; левитите ќе бидат Мои,

138,16-26; 2 Мојс 13,1-16; 3 Мојс 11,44бидејќи сите првородени се Мои; во денот, кога ги убив сите првородени во египетската земја, Јас ги осветив за Себе сите провородени во Израел – од човек до добиток: тие треба да бидат Мои. Јас сум Господ.“

Прво пребројување на Левиевото колено

14 2 Мојс 19,1 И му рече Господ на Мојсеј во Си­најската Пустина, велејќи:

1526,57-62„Преброј ги Левиевите синови спо­ред семејствата нивни и според ро­довите нивни; преброј сѐ од машки пол од еден месец, и нагоре!“

16И ги преброи Мојсеј според збо­ровите Господови, како што беше за­поведано.

171 Мојс 46,11Еве ги Левиевите синови според ими­­њата нивни: Гирсон, Каат и Мера­риј.

18А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ливниј и Семеј.

19И синовите на Каат според ро­довите нивни: Амрам и Јицхар, Хеврон и Узиил.

20И синовите на Мерариј според родовите нивни: Махлиј и Мушиј. Тоа се Левиевите родови според семејствата нивни:

21Од Гирсон произлегува родот Ли­вниев и родот Семеиев: тоа се Гир­соновци.

22Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум илјади и петстотини.

23Родовите на Гирсоновци беа смес­тени зад скинијата, откај запад.

24Началник на поколението од Гир­соновите синови беше Елјасаф, син Лаелов;

252 Мојс 26–27на Гирсоновите потомци при скинијата на собранието им е доверено да ги пазат: скинијата и покривот нејзин, завесата при влезот во скинијата на собранието,

26платништата околу дворот, завесата од влезот во дворот што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности.

27Од Каат произлегува родот Ам­рамов и родот Јицхаров, и родот Хев­ронов и родот Узиилов: тоа се Каа­товците.

282 Мојс 25,8; Пс 15,1Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум илјади и шестотини, кои го чуваа светилиштето.

29Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата;

302 Мојс 6,22а началникот на племето Каатовци беше Елицафан, синот Узиилов;

312 Мојс 25,10-40; 26,31-35; 27,1-8; 30,1-10; Ер 3,16; 52,19; 1 Лет 28,15тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, свештените садови што се употребуваат при служ­бата, и завесата со сите нејзини работи.

322 Мојс 6,23Главен началник на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; под негов надзор беа оние кои беа задол­жени да го чуваат светилиштето.

33Од Мерариј произлегува родот Махлиев и родот Мушиев; тоа се ро­дови Мерариеви;

34сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест илјади и двесте;

35началник на потомците на родот Мерариевци беше Цуриел, син на Ави­хаил; тие да се распоредат на северната страна од скинијата;

36на Мерариевите синови им беше доверено да ги чуваат штиците од скинијата и пречниците нивни, столбовите и подножјата нивни, сиот прибор, и сите други нејзини принад­лежности,

372 Мојс 27,9-19столбовите од дворот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и ја­жињата нивни.

38А од предната страна на скинијата, откај исток, пред скинијата на собранието сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои наместо синовите Израелови, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој друг се доближеше, беше убиван.

39Сите изброени левити што ги преброија Мојсеј и Арон по заповед на Господ, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади.

Откупот на првородените

40 2 Мојс 13,1; 13,11-16 И му рече Господ на Мојсеј: „Преброј ги сите првородени синови израелски од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично;

41и земи ги левитите за Мене, како замена за сите првородени од синовите на Израел, – Јас сум Господ – а до­битокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите израелски.“

42И ги преброи Мојсеј, сите првородени од синовите израелски како што му заповеда Господ;

43и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две илјади двесте седумдесет и три.

44И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

45„Земи ги левитите место сите првородени од синовите на Израел, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ.

46А за откуп на двесте седумдесет и трите првородени синови израелски, со кои се надминува бројот на левитите,

473 Мојс 5,15; 27,3земи по пет шекели за човек, спо­ред свештениот шекел земи; по дваесет гери во шекел;

48и дај му го тоа сребро на Арон и на синовите негови, за откуп на оние што го надминуваат нивниот број.“

49И го зеде Мојсеј среброто од от­купот за оние што го надминуваат бројот на заменетите со левити.

50Од првородените израелски синови зеде сребро илјада триста шеесет и пет шекели, според свештениот шекел;

51и среброто од откупот Мојсеј му го даде на Арон и на синовите негови според зборовите на Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help