Броеви 29 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Жртви за Денот на трубните знаци

1„Во седмиот месец, во првиот ден од месецот, треба да има свето собрание; никаква работа не вр­шете; тоа да ви биде Ден на трубни зна­ци;

23 Мојс 1,3.9и принесувајте сепаленица за благопријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња, без надостаток;

3а заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за јунецот, две десетини од ефа за овенот,

4и една десетина од ефа за секое од седумте јагниња,

5и еден козел како жртва за грев, за да се ослободите од гревот.

6Тоа да го додавате кон новомесеч­ните сепаленици и лебните приноси за нив, и преливите нивни, и секојдневните сепаленици со нивните приноси и преливи, според наредбите, како благопријатен мирис за Господ.

Жртви за Денот на очистувањето

7 2 Мојс 31,15; 3 Мојс 16,29-34; Ез 45,18-20; Дела 27,9 И во десеттиот ден од тој седми ме­сец треба да имате свето собрание: смирувајте ги душите свои и никаква работа не вршете;

8и принесувајте сепаленици за благопријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња; тие треба да бидат без недостаток;

9и заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, помешано со масло три десетини од ефа за јунец, две десетини од ефа за овен,

10и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња,

113 Мојс 16,3како и еден козел – жртва за грев, освен жртвите за грев што се принесуваат во Денот на очистувањето, и освен постојаните сепаленици и лебните приноси со нив и преливите за нив.

Жртви за празникот Сеници

12 2 Мојс 23,14-16; 5 Мојс 16,13-15; 1 Цар 8,2; Ез 45,25 И во петнаесеттиот ден од седмиот месец треба да ви биде особено свет, никаква работа не вршете и празнувајте го тој празник Господов седум дена:

13и принесувајте сепаленица, жртва за благопријатен мирис на Господ: тринаесет јунци, два овна, и четиринаесет едногодишни машки јагниња; тие треба да бидат без недостаток;

14и кон нив лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секое од тринаесетте јунци, две десетини од ефа за секој овен,

15и по една десетина од ефа за секое од четиринаесетте јагниња,

16и еден козел – жртва за грев, освен секојдневната сепаленица со нејзиниот лебен принос, како и преливот за неа.

17А на вториот ден принесувајте: два­наесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, без не­дос­таток,

18и со нив уште лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, спо­ред бројот нивни, според наредбите;

19исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа.

20На третиот ден, пак, принесувајте: единаесет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недос­таток,

21и со нив лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бро­јот нивни, според прописите;

22исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа.

23На четвртиот ден принесувајте: де­сет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток,

24со нив и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бро­јот нивни, според наредбите,

25и покрај тоа и еден козел – жртва за грев, освен постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа.

26И на петтиот ден принесувајте жртва: девет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток,

27и со нив принесете уште и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,

28и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа.

29На шестиот ден, пак, принесувајте: осум јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без не­достаток,

30а со нив и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите;

31а исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа.

32Во седмиот ден принесувајте: седум јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток,

33и со нив принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,

34а и еден козел како жртва за грев, освен постојаната сепаленица со приносот како и преливот за неа.

35Во осмиот ден е крај на празникот: никаква работа не вршете;

36и принесувајте сепаленица, жртва со пријатен мирис на Господ: еден ју­нец, еден овен, седум едногодишни маш­ки јагниња без недостаток,

37и заедно со нив лебен принос и прелив за јунецот, за овенот и за јагнињата, според бројот нивни според прописите;

38освен тоа уште и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица, приносот и преливот за неа.

393 Мојс 7,16Принесувајте го тоа на Господ на вашите празници, покрај оние што ги принесувате поради завет или поради грижа и покрај сепалениците ваши, и лебните приноси и жртвите за мир.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help