Откровение 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Јагнето ја зема книгата со седум печати

1 4,2; Ис 29,11; Ез 2,9; Дан 12,4.9 И видов во десницата на Оној Кој седеше на престолот, книга на­пи­шана однатре и однадвор, запечатена со седум печати.

2И видов силен ангел што викаше со висок глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“

3Фил 2,10И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.

4И јас многу плачев, што никој не се најде достоен да ја отвори и да ја про­чи­та таа книга, ниту да ѕирне во неа.

522,16; 1 Мојс 49,9; Ис 11,1.10; Лк 7,13-15; Јн 16,33; Рим 15,12; Евр 7,14А еден од старешините ми рече: „Не плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати!“

61,4; 4,5; 13,8; Ис 53,7; Зах 4,10; Јн 1,29Погледав, и ете, сред престолот и четирите животни и сред старешините стоеше Јагнето, како заклано, со седумте рога и седумте очи, кои се се­думте духови Божји, пратени по целиот свет.

74,2Тој дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот.

88,3; Пс 141,2И кога ја зеде книгата, четирите жи­вотни и дваесет и четирите Старешини паднаа пред Јагнето, држејќи секој од нив харфа и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите;

9Ис 42,10; Пс 33,3; 96,1; 98,1и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе,

101,6; 20,6; 2 Мојс 19,6; Ис 61,6и нѐ направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата!“

11Дан 7,10; Евр 12,22Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони,

125,6; 13,8; Фил 2,7-9кои зборуваа со висок глас: „Дос­тој­но е закланото Јагне да прими сила и богатство, мудрост и моќ, чест, слава и благослов!“

134,2; 5,3; Фил 2,10И секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, чув како зборува: „На Оној Кој седи на престолот, и на Јаг­не­то – благослов и чест, слава и владеење во сите векови!“

14А четирите животни велеа: „Амин!“ И дваесет и четирите ста­ре­ши­ни паѓаа и Му се поклонуваа на вечно Живиот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help