1 Царевите 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1И ете, според словото Господово, дојде еден Божји човек од Ју­деја во Ветил во она време, кога Јеро­воам стоеше пред жртвеникот за да прекади.

22 Цар 23,15-16И произнесе кон жртвеникот слово Господово, велејќи: „Жртвенику, жрт­венику! Вака вели Господ: ‚ете, во Да­видовиот дом ќе се роди син по име Јошијаху; тој ќе ги принесе врз тебе во жртва идолските свештеници што ка­дат врз тебе, и ќе изгори врз тебе човеч­ки коски.‘

3И во оној ден тој покажа знак, ве­лејќи: ‚А, еве, знак дека Господ го ре­кол тоа: овој жртвеник ќе се урне, и пепелта што е на него, ќе се развее.‘“

4Зах 11,17; Мт 12,10Кога царот Јеровоам го слушна сло­вото на Божјиот човек, изговорено пред жртвеникот во Ветил, ја пружи раката од жртвеникот и рече: „Фатете го!“ Тогаш раката негова што ја беше пру­жил кон него, се здрви и не можеше да ја тргне кон себе.

5И жртвеникот се урна, и пепелта од жртвеникот се развеа, според знакот, даден од Божјиот човек преку словото Господово.

6И царот Јеровоам му рече на Бож­јиот човек: „Умилостиви го лицето на Господ, твојот Бог, и помоли се за мене, па да ми се поврати раката.“ Човекот Божји го умилостиви лицето Господо­во, и раката се поврати и стана како порано.

7Тогаш царот му рече на Божјиот човек: „Дојди со мене дома да се пот­крепиш; ќе ти дадам да јадеш, и ќе ти донесам подарок.“

84 Мојс 22,17-18Но Божјиот човек му одговори на царот: „Да ми дадеш и половина од домот свој, нема да дојдам со тебе, нема да јадам леб и нема да пијам вода во тоа место,

9зашто така ми е заповедано преку словото Господово: ‚не јади таму леб, не пиј вода и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“

10И тој тргна по друг пат и не се врати по оној пат, по кој беше дошол во Ветил.

Непослушниот пророк

11Во Ветил живееше еден пророк – старец. Синовите негови дојдоа и му раскажаа сѐ што беше направил оној ден Божјиот човек во Ветил; тие му ги раскажаа на татко си и зборовите што тој му ги беше кажал на царот.

12И татко им ги праша: „По кој пат си отиде?“ А синовите му покажаа, по кој пат тргна Божјиот човек што дошол од Јудеја.

13Тогаш тој им рече на синовите свои: „Оседлајте ми го магарето.“ Тие му го оседлаа магарето, и тој се качи на него.

14И тргна по Божјиот човек, и го најде како седи под еден даб, и го праша: „Ти ли си Божјиот човек што дојде од Јудеја?“ Тој одговори: „Јас сум.“

15Тогаш му рече: „Дојди кај мене дома и касни леб.“

16Тој му одговори: „Не можам да се вратам со тебе и да дојдам кај тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место,

17зашто преку словото Господово ми е речено: ‚не јади леб и не пиј вода таму, и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“

18Гал 1,8Тој му рече: „И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‚врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘“ Но тој го излага.

19И оној се врати со него, касна леб во куќата негова и се напи вода.

Пророкот е осуден

20Кога тие уште седеа на трпезата, дојде словото Господово кон пророкот што го беше вратил.

21И тој изговори кон Божјиот човек што беше дошол од Јудеја и рече: „Вака вели Господ: ‚затоа што не се покори на устата Господова и не ја запази заповедта што ти ја беше дал Господ, Бог твој,

22Ис 14,19; Ер 8,1-2туку се врати, јадеше леб и пиеше вода на ова место, за кое Тој ти беше рекол – не јади леб и не пиј вода, телото твое нема да влезе во гробницата на татковците твои.‘“

23Откако тој јадеше леб и се напи вода, тој го оседла магарето за пророкот што го беше вратил.

2420,36; 2 Цар 2,24; 17,25И тој си замина. На патот го сретна лав и го умртви. Телото му лежеше испружено на патот; магарето, пак, стоеше до него, а лавот стоеше до телото.

25И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во гра­дот, во кој живееше пророкот – старец.

26Откако го слушна тоа пророкот што го беше вратил од патот, рече: „Тоа е оној човек Божји што не ја по­слуша устата Господова; Господ го пре­даде на лав што го нападнал и го усмртил, според словото Господово што му беше кажано.“

27И им рече на синовите свои: „Осе­д­лајте ми го магарето.“ И го оседлаа.

28Тој отиде и го најде телото негово испружено на патот; а магарето и лавот стоеја до телото; лавот не беше го изел телото и не беше го раскинал магарето.

29Тогаш пророкот го крена телото на човекот Божји, го стави на магарето и го однесе назад. И пророкот – старец тргна кон својот град за да го оплаче и погребе.

30И го положи телото негово во својата гробница и плачеше за него: „Леле, брату мој!“

31Откако го погреба, тој им рече на своите синови: „Кога ќе умрам, погребете ме во гробницата, во која е погребан Божијот човек, до неговите коски положете ги моите коски,

32зашто ќе се исполни словото што по заповед на Господ тој го кажа за жртвеникот во Ветил и за сите идолски светилишта во самарјанските градови.“

3312,31И по овој настан Јеровоам не се одврати од својот лош пат, туку про­должи да поставува идолски свештеници од народот; кого сакаше, него го посветуваше, и тој стануваше идолски свештеник.

34Тоа го водеше Јеровоамовиот дом во грев, кон пропаст и кон истребувањето негово од лицето на земјата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help