Излез 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Песната на Мојсеј и синовите израелски

1 14,27; 4 Мојс 21,17; Суд 5,1; 2 Сам 22,1; Ер 51,21; Пс 59,15; 105,2.12.43; 106,12; Откр 15,3 Тогаш, Мојсеј и синовите израелски ја запеаја оваа песна на Господ, велејќи: „Да Го воспеам Гос­пода, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот негов ги фрли в море.

22 Сам 22,47; Ис 12,2; 25,1; Ер 17,14; Јона 2,10; Авак 3,18; Пс 18,1.2.46; 25,5; 27,1; 99,5; 107,32; 118,14Господ е моја сила и моја слава; Тој е спасение мое; Тој е Бог мој, и ќе Го прославувам; Бог на таткото мој, и ќе Го превознесувам.

33,14; 14,14; Откр 19,11Господ е воин; Јахве е името Негово.

414,6-7Колите фараонови и војската негова ги фрли в море; избраните војводи негови се удавија во Црвено Море.

514,28; 15,10; Неем 9,11; Откр 18,21Бездните ги покрија; тие потонаа во длабочините, како камења.

64 Мојс 24,8; Пс 2,9; 17,7; 21,9; 63,9; 89,14; 98,1; 118,5; 138,7; Јов 40,14Десницата Твоја, Господи, се про­слави со сила; десната рака Твоја, Гос­поди, го уништи непријателот.

75 Мојс 9,3; Пс 2,5; 78,49-50; Авд 1,18; Евр 12,29И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои станаа против Тебе; Ти го излеа гневот Свој, и тој ги изгоре како слама.

814,21; Ис.Н. 3,13; Пс 18,15; 78,13Од здивот на ноздрите Твои водите се расцепија, брановите се издигнаа ка­ко ѕид; бездните морски станаа тврди.

914,5-9; Ис 9,3; Лк 11,22Непријателот рече: ‚Ќе гонам, ќе стигнам, плен ќе разделам, ќе се насити со нив душата Моја, ќе го извадам мечот Свој, ќе ги уништи раката Моја.‘

1015,5; Ис 11,4; 40,7; Јов 4,9; Неем 9,11Ти дувна со здивот Твој, и морето ги покри; и тие потонаа како олово во силните води.

113,20; 1 Сам 2,2; Ис 40,5; 46,5; Пс 8,1; 77,14; 86,8Кој е како Тебе меѓу боговите, Господи? Кој е како Тебе прославен во светоста Своја, прекрасен во славата Своја и Творец на чуда?

127,5; 4 Мојс 16,32; 26,10; 5 Мојс 11,6; Пс 106,17Ти ја пружи десницата Своја и земјата ги голтна.

136,6-8; 15,17; 5 Мојс 2,1-9; Ис 41,14; 43,14; 51,10; Пс 68,16; 76,3; 77,20; 78,54; Тит 2,14Според милоста Твоја го водиш овој народ, кого Ти го избави, и го спроведуваш со силата Своја во живеалиштето на Светоста Твоја.

1415,16; 23,27; 5 Мојс 2,25; Ис.Н. 2,9; 5,1; Ис 13,8; Ез 38,20; Пс 48,4-6Народите слушнаа и затоа трепе­рат: ужас ги опфати жителите на земјата филистејска.

154 Мојс 22,3; 5 Мојс 2,4; Ис.Н. 2,9.24Тогаш се збунија поглаварите едомски, страв и трепет ги обзеде кнезовите моавски, се уплашија сите жители ха­нански.

1615,14; 1 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,4; 1 Сам 25,37; Пс 74,2Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине овој народ што си го придобил.

1715,13; 23,20; 2 Сам 7,10; Ис 5,2; 60,21; Ер 2,21; Амос 9,15; Јоил 2,1; Пс 78,54.68; 80,9.16; 114,2; 132,13-14; Дан 9,16Одведи го и смести го во планината на Твоето наследство, во место, кое Ти Господи, си го приготвил за живе­алиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твои, Господи!

181 Мојс 21,33; Пс 9,7; 29,10; 55,20; 95,3; 96,10; 97,1-6; 99,1-3; 102,13; 145,13; Плач 5,19Господ ќе царува секогаш и во вечност.

1914,22.28Кога коњите фараонови со колите негови и со коњаниците негови влегоа во морето, Господ ги поврати врз нив водите морски: а синовите на Израел поминаа по суво среде море.“

202,4; 1 Мојс 31,27; 4 Мојс 12,1; 20,1; 26,59; Суд 11,34; 21,21; 1 Сам 18,6; 2 Сам 6,5.14.16; Ер 31,5.13; Пс 30,10; 81,2; 149,3; 150,4; Песна 7,1И пророчицата Мирјам, сестрата Аронова, зеде тимпан во раката своја, а по неа излегоа сите жени со тимпани и со игра.

2114,28; 15,1; 1 Сам 18,7; Агеј 2,22И запеа Мирјам пред нив: „Пејте Му на Господ, зашто славно се про­слави: коњот и коњаникот в море ги фрли.“

Патувањето на израелскиот народ низ пустинатаГорчливата вода

22 17,1.3; 1 Мојс 16,7; 20,1; 4 Мојс 20,2.5; 33,14; Пс 107,5 Потоа ги поведе Мојсеј синовите израелски од Црвеното Море, и тие на­влегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење.

234 Мојс 33,8; Рута 1,20Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше гор­члива; затоа и го нарекле тоа место Мара.

2416,2; 4 Мојс 14,2; Ис.Н. 9,18Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“

251 Мојс 22,1; Ис.Н. 24,25; Суд 3,4; Ис 48,10; Пс 81,7Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му да­де наредби и закони, и таму го подложи на проверка.

2619,5-6; 20,2-17; 23,22.25-26; 5 Мојс 7,12.15; 11,13; 15,5; 28,1.27.58-60; 32,39; 2 Цар 20,5; Ер 30,17; Пс 30,2; 41,4-5; 103,3; 107,20; Мт 8,1-17И му рече: „Ако го послушаш до­бро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што е угодно пред очите Него­ви, ако ги слушаш заповедите Негови и ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“

274 Мојс 33,9Потоа стигнаа во Елим; таму има­ше дванаесет извори и седумдесет палми; и се улогорија таму крај водите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help