1Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишен,
233,1-3да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ – Твојата верност,
3на десетострунена харфа и на лира.
4Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите дела, на делата на Твоите раце им се радувам.
5Колку се големи делата Твои, Господи! Многу се длабоки Твоите помисли!
68; 139,6.17-18Безумниот човек не ќе може да ги узнае, неразумниот нема да го разбере ова:
773,22дури грешниците и да никнуваат како трева, и кренат глава оние што вршат беззаконие, тоа е за да бидат истребени засекогаш,
837,35-36Ти си, Господи, Севишен секогаш!
9Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ќе пропаднат и ќе се растураат сите што вршат беззаконие;
1068,1-2а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и ме помазуваш со чисто масло.
1123,5; 75,10; 5 Мојс 33,17Моите очи го видоа падот на непријателите мои, и ушите мои го слушнаа тресокот на побунетите против мене злосторници.
12Праведниот цути како палма, се издига како кедар леванонски.
131,3Тие се засадени во домот Господов, ќе цутат во дворовите на нашиот Бог;
1452,8тие и во староста ќе бидат плодни, сочни и полни со свежина,
15за да возвестуваат дека е праведен Господ, мојата Карпа во Која нема неправедност.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
