2 Летописи Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Вовед Втората книга Летописи се состои од два дела: (1) Владеењето на царот Соломон (1–9) и (2) Поделбата на земјата на две царства (Јудеја и Израел), владеењето на Соломоновите наследници, па сѐ до освојувањето на Ерусалим од страна на Навуходоносор и присилното иселување на народот во Вавилон (10–36).Во оваа книга, како и во претходната, се опишуваат некои случки веќе спомнати во Книгите за царевите, но од поинакво гледиште. Народот на северното царство Израел, во овој период е прикажан како заблуден во грев и одметнат од Господ. Затоа, малку има детали за северното царство, а многу повеќе за јужното царство – Јудеја.Меѓу побожните цареви на Јуда истакнати се Езекија и Јосија. Книгата понатаму кажува за разорувањето на Ерусалим и одведувањето на народот во ропство, во Вавилон. Книгата завршува со надеж за Евреите: персискиот цар Кир им дозволил да се вратат во Ерусалим и да го обноват храмот и земјата. Подетално за ова се говори во книгата Ездра.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help