1 15,10 Кој ја сака поуката, го сака знаењето; а кој го мрази изобличувањето – неразумен е.
26,18; 8,35Добриот добива благодат од Господ, а на подмолниот Тој ќе му суди.
310,25Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен.
431,11; 1 Кор 11,7Добродетелна жена е венец за мажот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови.
512,20Мислите на праведните се правда, а плановите на безбожниците – подмолност.
614,3Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува.
710,25; Мт 7,24-27Каде и да се свртат нечестивите – исчезнуваат, а домот на праведните останува.
816,22Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ќе биде презрен.
925,16.27Подобро да си мал, но да работиш за себеси, отколку да се правиш големец, а да немаш леб.
1027,23; 5 Мојс 25,4Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на безбожникот е жестоко.
1128,19Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, неразумен е.
1210,32; 11,9; 21,10.26Желбата на грешникот е стапица од зло; но коренот на праведниците дава плод.
1311,8; 18,7; 21,23Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ќе се спаси од неа.
1413,2; 18,20Од плодот на устата своја човекот се наситува со добро, и на човек му се дава според делата на неговите раце.
1514,12; 16,2; 21,2Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар.
1619,11; 29,11Глупавиот веднаш ќе го покаже гневот свој, а благоразумниот ја смирува лутината своја.
176,19; 14,5Кој го кажува она што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок говори измама.
1811,9; 15,2Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите лекува.
1910,31; 21,6Праведната уста вечно живее, а лажливиот јазик – само еден миг.
2012,5Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците – радост.
2114,14Праведниот нема да го достаса никакво зло, а безбожниците ќе бидат преполни со зло.
226,17; 11,20Лажливата уста е одвратност пред Господ, а кој говори вистина, благоугоден Му е Нему.
2313,16; 15,2Расудлив човек го прикрива знаењето свое, а срцето на глупавите го разгласува своето безумие.
2410,4; 13,4; 22,7Раката на работливите ќе господари, а мрзливоста води во ропство.
2515,13; 17,22Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува.
2610,17; 19,27Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечестивите ги води во заблуда.
2710,4; 13,4Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство.
2811,19По патот на правдата има живот, и во нејзината патека нема смрт.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.