1Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
213,12.13.15; 22,29; 3 Мојс 27,26; 4 Мојс 3,13; 8,17; 18,15; 5 Мојс 15,19; Лк 2,23„Посвети ми го секое првородено, кое ја отвора секоја утроба меѓу синовите израелски: и од луѓето, и од добитокот. Тие Мене ми припаѓаат!“
312,2.19; 13,14; 5 Мојс 5,6И Мојсеј му рече на народот: „Помнете го овој ден, во кој излеговте од Египет, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас.
412,2Денес излегувате, во месецот авив.
53,8; 12,25-26; 13,11; 5 Мојс 7,1-5Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Евејците и Јевусијците, за која им се заколнал на татковците твои дека ќе ти ја даде – земјата во која тече мед и млеко – тогаш служи ја оваа служба во овој месец!
612,15-20; 34,18Седум дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Господов.
7Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе квасен леб, ниту да се најде нешто квасно во сите твои краеви.
810,2; 12,26; Пс 78,5-6И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: Ова е за она, што ми го направи Господ, кога излегував од Египет!
93,20; 13,16; 5 Мојс 6,8; 11,18; Ис 44,5; Мт 23,5И тоа нека ти биде знак на раката твоја и споменик пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со силна рака Господ те изведе од Египет.
1012,14Затоа овој закон запазувај го секоја година во определено време!
1113,5; 1 Мојс 12,7; 5 Мојс 1,8А кога ќе те воведе Господ, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ќе ти ја предаде;
121 Мојс 22,1-2; Лк 2,22-24на Господ ќе Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое првородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети Му го на Господ!
1313,15; 34,20; 4 Мојс 3,36-47; 18,15А секое првородено магаре замени го со јагне; ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек меѓу синовите твои откупувај го!
1410,2; 20,2; 5 Мојс 7,8А кога ќе те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‚Што е тоа?‘ Кажи му: ‚Зашто со силна рака Господ нѐ изведе од Египет, од домот на ропството.‘
1512,29; 13,2Зашто, кога упорствуваше фараонот да не нѐ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата египетска, од првенец човечки до првородено во добитокот; затоа Му го принесувам на Господ како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден меѓу синовите мои го откупувам.
1613,9; 5 Мојс 6,8И тоа нека ти биде знак на раката твоја и наместо завој над очите твои, бидејќи со силна рака Господ нѐ изведе од Египет.“
Бог го предводи Својот народ17 14,10-12; 4 Мојс 14,1-2 А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“
1815,22; Ез 20,10Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени.
191 Мојс 50,25; Ис.Н. 24,32; Евр 11,22И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израел, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со себе.“
2012,37; 4 Мојс 33,5-6И откако појдоа од Сукот, се настанија во Етам, при крајот на пустината.
2114,19.24; 33,9-10; 40,38; 4 Мојс 9,16; 14,14; 5 Мојс 1,33; 31,8; Ис 4,4-6; Пс 68,7; 78,14; 105,39; Неем 9,12.19; Јн 8,12А Господ одеше пред нив, дење како столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат дење и ноќе.
22Неем 9,19И не се иставаше пред народот столбот облак – дење, ни столбот од оган – ноќе.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.