Откровение 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Песна во чест на победата. Свадбата на Јагнето

1Потоа чув висок глас како од многу народ на небото, кој ве­ле­ше: „Алилуја, спасение и слава, чест и сила на нашиот Бог,

26,10; 16,6-7; 5 Мојс 32,43; 2 Цар 9,7зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди го­лемата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.“

314,11; Ис 34,10И повторно рекоа: „Алилуја! Димот нејзин ќе се издига во векови!“

4Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“

511,18; Пс 115,13; 135,1А од престолот излезе глас, кој ве­ле­ше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали!“

61,8; 14,2; Пс 93,1; 97,1И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од сил­ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Се­др­жителот!

721,2.9; Ис 54,1-8; Ос 2,16-18; Пс 118,24; Мт 22,2; 25,1-13; Ефес 5,23.25.32Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се при­готви!

8Ис 61,10И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите.

9Мт 8,11; 22,1-14; Лк 14,15И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вис­тински Божји зборови!“

1022,8-9; Дела 10,25-26И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“

Јавачот на бел коњ

11 1,5; 6,2; Ис 11,4; Ез 1,1; Пс 96,13 И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се вика Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;

121,14; 2,17-18; Дан 10,6очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напи­шано име кое освен Него, никој не го знаеше.

13Ис 63,1-3; Јн 1,1.14И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.

14А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.

151,8; 1,16; 12,5; Ис 63,3; Пс 2,9; Плач 1,15Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопоклониците. Тој ќе ги пасе со железен же­зол и ќе ја изгази кацата со вино на ја­роста и гневот на Бога Седржителот.

1617,14; 5 Мојс 10,17; Дан 2,47На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“

17Ез 39,17-20Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на го­лемата Божја вечера,

18да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“

1917,12-14Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска.

2014,9-11; 20,4.10.15; Ис 30,33; Дан 7,11Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се поклонуваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;

21другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот. И сите птици се наситија од телата нивни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help