Јов 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Одговор на Јов: вера во конечното спасение на праведникот

1На тоа одговори Јов и рече:

2„До кога ќе ја мачите душата моја? До кога ќе ме измачувате со зборови?

31 Мојс 31,7.41; 4 Мојс 14,22; Неем 4,6Ете, веќе десетпати ме посрамувате, и нели ви е срам да ме изма­чувате?

4Изреки 9,12Ако и навистина сум згрешил, грешката моја останува за мене.

5Гал 6,5Ако, пак, сакате да се величате над мене и да ме прекорувате со мојот срам,

618,8; 22,10знајте дека Бог ме собори и со мрежата Своја ме обвитка.

7Плач 3,7-9Ете, јас викам: – ‚Неправда!‘ – и никој не слуша; врескам, и правда нема.

822,11Тој ми го загради патот, и не можам да минам; врз патеките мои спушти мрак.

929,14Ја соблече од мене славата моја и го симна венецот од мојата глава.

1014,7; 17,15Од сите страни ме сосипува, и јас умирам, и како дрво ја истргнува на­дежта моја.

1133,10Го разгори гневот Свој против мене и ме вброи меѓу непријателите Свои.

12Војските Негови дојдоа заедно, се упатија кон мене и се сместија околу шаторот мој.

13Пс 38,11; 69,9; 88,8.18Браќата мои Тој ги оддалечи од мене; и оние што ме познаваат, бегаат од мене.

14Ме напуштија блиските мои и познатите ме заборавија.

156,14Дојденците во куќата моја и слу­гинките мои ме сметаат за туѓ; туѓинец станав во нивните очи.

16Го викам слугата свој, и тој не се одѕива; со устата своја треба да го молам.

17Здивот мој ѝ е одвратен на жената моја, и милувањата мои на родените синови мои.

1830,1Дури и малите деца ме презираат; кога станувам, тие се подигруваат со мене.

19Пс 41,9; 55,14; Јн 13,18Од мене се гнасат најверните мои пријатели; и оние што ги сакав, – се свртеа против мене.

207,5; 33,21Веќе немам ништо освен кожата врз коските мои; во несреќата изгубив сѐ.

21Смилувајте се, смилувајте се над мене, пријатели мои, – зашто раката Божја се допре до мене.

22Пс 27,2Зошто ме гоните и вие како Бог, и со плотта моја не можете да се наси­тите!?

2331,35О, да беа зборовите мои напиша­ни! Да беа ставени на книга!

24Со железно длето и со олово, – да беа на вечни времиња врз камен из­длабени!

2516,19; Ис 44,6; Пс 12,5Но јас знам: Заштитникот мој е жив; Тој го има последниот збор на оваа земја.

2633,25И кога ќе се распадне кожата моја, во телото мое ќе Го видам Бога.

2733,26Јас сам ќе Го видам; моите очи, не очите на друг, ќе Го видат Него. Срцето ми се топи во градите мои!

28Вие требаше да кажете: – зошто го гониме! – Како да е коренот на злото најден во мене.

2927,11Плашете се од мечот, зашто мечот се одмаздува за неправда; и знајте дека има правда.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help