Броеви 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Отстранување на нечистите

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

23 Мојс 13,45-46; 15,3; 5 Мојс 23,10-15; Мт 9,20„Заповедај им на синовите израел­ски да ги истераат надвор од населбата сите лепрозни, и сите што имаат капа­вица, и сите што се оскверниле од мр­товец;

32 Мојс 29,45; 3 Мојс 26,12; 2 Кор 6,16и мажите и жените истерајте ги, на­двор од населбата истерајте ги, за да не ги осквернуваат домовите свои, меѓу кои и Јас живеам.“

4Така и направија синовите на Из­раел – ги истераа надвор од населбата: како што му рече Господ на Мојсеј, така и направија синовите израелски.

Отштета во случај на престап

5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

6Лк 19,8„Кажи им на синовите израелски: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господ, виновна е таа душа.

73 Мојс 5,5.16; Лк 19,8Нека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, против кого згрешил.

83 Мојс 5,15; 6,6-7Ако тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господ: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистување, преку кој ќе го очисти.

93 Мојс 22,12-16И секој принос од сѐ што ќе се осветува за синовите израелски, а ќе го донесуваат за Господ при свештеникот, нему му припаѓа;

103 Мојс 7,29-34и посветеното, од кого и да е, нему му припаѓа; и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припаѓа.“

Закон за жена осомничена во неверство

11И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

12„Зборувај со синовите на Израел и кажи им: ако некого го изневери же­ната и ја презре верноста кон него,

13или ако некој преспие со неа и излее семе, и тоа се прикрие од очите на мажот нејзин, или ако скрие дека се осквернила тајно, а против неа нема сведок, таа нема да биде разобличена;

14Изреки 6,34; 27,4а него го обземе љубоморен дух, и почне да љубомори на жена си, кога таа е осквернета, или го обземе љубоморен дух, и тој почне да љубомори на жена си, кога таа не е осквернета, –

152 Мојс 16,36; 3 Мојс 5,11; Ез 29,16тогаш мажот нека ја доведе жената кај свештеникот и да принесе дар за неа една десетина од ефа јачмено брашно, но да не го полива со масло и да не става на него темјан, зашто тоа е жртва за љубомора, жртва за спомен што наспомнува за беззаконие.

16А свештеникот нека ја доведе же­ната и нека ја исправи пред Господ;

17и да земе тој света вода во глинен сад и прав од сувата земја во скинијата, и да го стави во водата.

183 Мојс 10,6; 1 Кор 11,6Потоа свештеникот да ја исправи жената пред Господ, и да ѝ ја открие главата и да го стави врз рацете нејзини приносот за спомен, – а тоа е принос за љубомора, а свештеникот да ја држи во раката горчливата вода, која носи проклетство.

19И свештеникот да ја заколне и да ѝ рече на жената: ако никој не бил со тебе, и ти не си се осквернила и не си го изневерила својот маж, нема да ти наштети оваа горчлива вода, која носи проклетство.

20Но, ако си го изневерила својот маж и си се осквернила, и ако некој, освен твојот маж, спиел со тебе, –

21Ис.Н. 6,26; 1 Сам 14,24тогаш свештеникот нека ја заколне жената со клетвата за проклетство и нека ѝ рече: – Да те предаде Господ на проклетството и на клетва во твојот народ, и да даде Господ утробата твоја да се исуши, и стомакот твој да се надуе;

225 Мојс 27,15; Пс 109,18и да мине внатре во тебе таа вода што носи проклетство, па стомакот твој да се надуе и утробата твоја да се исуши. – А жената да каже: Амин, амин.

23Ер 45,1И свештеникот да ги напише тие клетви на хартија, а потоа да ги из­брише во горчливата вода;

24и да ѝ даде на жената да се напие од горчливата вода што носи проклетство, и да влезе во неа водата, и да ја наполни со горчевина.

253 Мојс 8,27И да го земе свештеникот од рацете на жената лебниот принос за љубомора, и да го издигне тој принос пред Господ, и да го однесе кај жртвеникот.

263 Мојс 2,2; 5,12И свештеникот да земе тогаш со рака малку од лебниот принос за спомен, да го изгори на жртвеникот и потоа да ѝ даде на жената да ја испие водата;

27Ис 43,28; Ер 26,6; Ер 29,18и откога ќе ја напои со водата, ако е таа нечиста и ако направила престап спрема својот маж, горчливата вода што носи проклетство, ќе навлезе во неа, правејќи ѝ штета и стомакот ќе ѝ се надуе, и утробата нејзина ќе се исуши, и таа жена ќе биде проклета меѓу својот народ.

28Ако, пак, жената не е осквернета и останала чиста, ќе остане без повреда и ќе се оплодува од семе.

29Тоа е законот за љубомора: кога жената ќе го изневери својот маж и ќе се оскверни,

30или кога љубоморен дух ќе го обземе мажот, и тој почне да љубомори на жена си, тогаш тој нека ја исправи жена си пред Господ, и нека го изврши свештеникот над неа сѐ она според овој закон, –

313 Мојс 5,1и мажот ќе биде чист од грев, а жената ќе го прими врз себе својот грев.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help