Еремија 46 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пророкување за пропаста на Египќаните

1 25,13 Слово Господово, упатено до пророкот Еремија за незна­божечките народи:

236,1за Египет, за војската на фараонот Нехо, цар египетски, што беше при реката Еуфрат во Каркемиш и што ја победи Навуходоносор, царот вавилон­ски во четвртата година на Јоаким, синот Јошиев, цар јудејски:

351,11„Пригответе ги штитовите и копјата и стапете во бој;

4оседлајте ги коњите и качете се на нив, коњаници, и поставете ги шлемо­вите; наострете ги копјата, облечете се во оклопи.

56,25; 49,29; Наум 2,9А зошто, гледам, тие се уплашија и отстапуваат? Јунаците нивни се разбиени и бегаат, не обѕрнувајќи се назад, страв од секаде, вели Господ.

646,12; Амос 2,15Нема да побегне брзоногиот и нема да се избави силниот; на север, покрај реката Еуфрат, ќе се сопнат и ќе паднат.

747,2; Ис 8,7; Дан 11,10Кој е тој што се подига како Нил, чии води се брануваат како брзица?

8Египет се подига како река и водите му се разбрануваат како брзаци, па ве­ли: ќе се кренам и ќе ја покријам земјата, ќе го уништам градот и жителите негови.

9Наум 2,5; 3,2Седнувајќи на коњите и впрегнувајќи ги колите, излегувајте, и гинете, јунаци, Етиопјани и Либијци, вооруже­ни со штитови, и Лудимци, што ги др­жите и затегнувате лаковите;

1012,12; 47,6; 5 Мојс 32,42зашто овој ден е за Господ, Бог Са­ваот, ден за одмазда, за да им се одмазди на непријателите Свои; и меч ќе изедува, ќе се насити и ќе се опие од крвта нивна; бидејќи тоа ќе се изврши за Господ Бог Саваот, како жртвен принос во северната земја, кај реката Еуфрат.

1115,18; 30,13; 51,8.9; 1 Мојс 37,25Оди во Галаад и земи балсам, девој­ко, ќерко египетска; залудо ќе трупаш лекови – лек за тебе нема!

1246,16; Наум 2,6Чуја народите за твојот срам, и пискотот твој ја исполни земјата; биде­јќи јунак со јунак се судрува, па обајцата паѓаат.“

Предупредување до Египет

13 43,11 Слово, кое Господ му го кажа на пророкот Еремија за доаѓањето на Навуходоносор, царот вавилонски, за да ја порази земјата египетска:

1421,14; 50,2„Соопштете во Египет, и кажете во Мигдол, јавете во Мемфис и во Тафнис, кажете: ‚кажи ѝ да се приготви зашто мечот ќе ги изеде околните населби.‘

15Зошто е јунакот твој соборен? Не се одржа, зашто Господ го собори;

1646,6.12Тој направи така, што многумина се судруваа и паѓаа дури еден врз друг, велејќи: ‚станувај да си појдеме кај нашиот народ во својата родна земја, далеку од насилничкиот меч.‘

17Ис 30,7А фараонот – египетскиот цар, наречете го фалбаџија, кој својата прилика ја пропушти.

1848,15; Ис 48,2Се колнам во Својот живот, вели Царот, чие име е Господ Саваот: ќе дој­де тоа како Тавор меѓу горите и како Кармил покрај Морето.

1910,17; Ез 12,3Подготви се за преселување, ќерко, жителко египетска, зашто Мемфис ќе биде опустошен, разорен, па не ќе остане ниту еден жител.

20Ос 10,11Египет е убава јуница: но погибелта иде, доаѓа од север.

2123,12; 50,27И наемниците негови кај него не изгледаат како згоени телци, па и самите тргнаа да бегаат, побегнаа сите, не можеа да издржат, бидејќи врз нив дојде нивниот погибелен ден, време за да ги казнам.

22Пс 74,6Гласот нивни писка како глас на змија, тие доаѓаат со војска, ќе дојдат врз него со секири како дрвари,

2351,14; Суд 7,12; Јоил 1,4; Откр 9,3ќе ја исечат шумата негова, вели Господ, бидејќи се безбројни; повеќе се отколку скакулците, па број немаат.

24Засрами се, ќерко египетска, ти, која си предадена во рацете на северниот народ.

259,8; 43,12Господ Саваот, Бог Израелов, вели: еве, Јас ќе го казнам Амон од Мемфис, фараонот и Египет, боговите негови и царевите негови, фараонот и оние што се надеваат во него.

2612,15; 44,30И ќе ги предадам во рацете на оние што ја бараат душата нивна и во рацете на Навуходоносор, царот вавилонски, и во рацете на слугите негови, но потоа Египет ќе биде населен, како и во поранешните дни, вели Господ.

Господ ќе ги врати Израелците дома

27 30,10-11; Ис 41,13-14; 3 Мојс 26,6; Ез 34,28; Јов 11,19 А ти, Јакове, слуго Мој, не бој се и не плаши се, Израеле: зашто еве, Јас ќе те избавам од далечната земја и семето твое – од земјата на ропството негово; и ќе се врати Јаков и ќе живее спокојно и мирно, и никој нема да го заплашува.

28Ис 43,5; Наум 1,3; Пс 99,8Не бој се, Јакове, слуго Мој, вели Господ, зашто Јас сум со тебе. Јас ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те изгонив, но тебе нема да те истребам; само ќе те казнам по мерка; неказнет нема да те оставам.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help