1 Наум 1,1 Пророчко видение што го имаше пророкот Авакум.
2Ис 38,14; Ер 14,9; 20,8; Пс 18,41; Јов 19,7До кога, Господи, ќе повикувам, а Ти не ме слушаш; викам кон Тебе поради насилството, а Ти не ме избавуваш?
3Ер 6,7; 9,2; Амос; 3,9-10; Пс 55,9-11Зошто ми дозволуваш да гледам злосторства, и да гледам неволји? Грабежот и насилството се пред мене; се појавува непријателство, настанува раздор.
4Ис 59,14; Мих 7,2-3Поради тоа законот ја изгуби силата, а правдата е згазена: нечестивиот го победува праведниот, и затоа правдата се искривува.
Божјиот одговор5 Ис 5,12; 29,9.14; Дела 13,41 Погледајте меѓу народите, видете – зачудете се! Зашто во ваше време Јас извршувам такво дело, за кое вие не би поверувале, ако би ви раскажувале.
6Ер 5,15; Амос 3,11; Откр 20,8Зашто Јас ќе ги кренам Халдејците, народ жесток и необуздан, кој оди по ширините земни за да завладее населби, кои нему не му припаѓаат.
7Ис 10,13Тој е страшен и ужасен; тој самиот е и суд и власт.
85 Мојс 28,49; Соф 3,3Коњите негови се побрзи и од леопарди и пострашни од волци во рани зори; коњицата негова потскокнува; јавачи му доаѓаат од далечина, налетуваат како орли, што се спуштаат врз пленот.
9Сите тие доаѓаат по грабеж; со лица вжештени, грабаат робови како песок!
10И со цареви се подигруваат, а кнезовите им служат за подбив; над секоја тврдина се смеат: засипуваат опсаден окоп и ја преземаат.
111,7; Ис 10,13; Ер 17,5Тогаш како ветер се свртуваат и си одат – престапници и виновници; нивната сила им е бог.
Повторна поплака од Авакум12 5 Мојс 33,27; Мих 5,1; Пс 90,1-2 Но, зар не си Ти од векот Господ Бог мој, Светецот мој? Ти, Кој не умираш! Ти, Господи, само за суд си го допуштил тоа. Карпо моја, за казна си го определил ова.
131,3; Ер 12,1; Пс 5,4-5; 35,22; Јов 21,7На чистите очи Твои не е својствено да гледаат злосторства и Ти не можеш да гледаш угнетување. Зошто гледаш злодејци и молчиш, кога нечестивиот проголтува човек што е поправеден од него?
14Изреки 6,7; Проп 9,12Ги оставаш луѓето како риба в море и како лазачи, кои немаат господар?
15Ер 16,16; Ез 12,13; 17,20; 32,3; Амос 4,2Непријателот со јадици ги лови, ги лови во мрежата своја, ги извлекува и ги собира на суво, па затоа се радува и весели.
16Затоа на мрежата своја ѝ принесува жртва и на торбата ѝ кади со темјан, зашто тие му прибавуваат сладок залак и вкусна храна.
17Ќе продолжи ли тој да ја празни мрежата своја и постојано да ги убива народите безмилосно?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.