Јов 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Блажен е човекот кого Бог го казнува

1Одговори Елифаз од Теман и рече:

232,18-20„Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да ги сопре своите зборови!

3Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце,

4твоите зборови го исправале оној што паѓал, си поткрепувал раслабени колена.

5Изреки 24,10; Рим 2,19-21А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот.

6Твојата богобојазливост не треба ли да биде твоја надеж, и непороч­носта на твоите патишта – твоја поткрепа?

7Пс 22,4-5; 34,20-21; 37,25Спомни си, загинал ли некој невин, и каде праведните биле искоренувани?

8Изреки 12,21; 2 Птр 2,9како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат;

9Ос 8,7; 10,13; Изреки 22,8; Гал 6,7од здивот Божји загинуваат и од духот на гневот Негов исчезнуваат.

1038,39-40; Соф 3,3Рикањето на лавот, гласот на тигарот и забите на лавчињата се кршат;

11Пс 10,9; 17,12; 22,14.22; 57,5; Изреки 28,15силниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрс­нуваат.

12И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него.

1333,15Среде размислувањата за ноќните виденија, кога сонот ги обзема луѓето,

141 Мојс 15,12мене ме зафати страв и трепет и ги растресе сите мои коски.

15И дух помина над мене; косата ми се крена.

161 Цар 19,13Тој застана, – но јас не го видов ли­цето негово, – само облак беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас:

179,2; 14,4; 15,14; 25,4; Пс 14,1-5; 143,2‚Зар човекот може да биде по­праведен од Бога? И може ли тој да биде почист од својот Создател?‘

18Ете, Тој и на слугите Свои не им ве­рува и во ангелите Свои наоѓа недостатоци:

1925,6дотолку повеќе кај оние, кои живеат во земјени куќи, чии основи се од прав и кои пропаѓаат и од мо­лец.

20Меѓу утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно.

218,22Јажето што ги крепеше е скинато. Тие умираат без да станат мудри.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help