Јов 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Разговорот на Јов со тројцата негови пријателиЈов го оплакува денот на своето раѓање

1Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна денот на своето раѓање.

2Почна Јов и рече:

310,18; Мт 26,24„Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа: – се зачна дете!

4Тој ден нека биде темнина; да не го побара Бог одозгора и да не изгрее над него светлина!

510,21-22; 28,3; 34,22Да го затемни темнина и смртна сенка, црн облак да го покрие, или страшно помрачување на сонцето!

6Таа ноќ, – темнина да ја опфати, да не се смета меѓу дните на годината, да не влезе во бројот на месеците!

7О, таа ноќ! Без луѓе да беше; веселба во неа да немаше!

8Нека ја проколнат оние, кои го колнат денот, оние кои знаат да го разбудат чудовиштето водено!

9Нека потемнат ѕвездите на мугрите нејзини; да ја чека светлината и таа да не дојде и да не ги види трепките на зората;

10зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!

1110,18Зошто не сум умрел кога сум се раѓал, и не сум издивнал – кога сум излегол од утробата?

12Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?

13И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев и ќе ми беше спокојно

1415,28; Ис 14,9-11; Ез 32,18-30заедно со цареви и земни советници, кои градеа урнатини за себе,

15или со кнезови, кои имаа злато и кои ги полнеа домовите свои со сребро;

1610,19; Пс 58,8; Проп 6,3или, како недоносче закопано, немаше да ме има, како новороден­чиња кои не виделе светлина.

17Ис 57,2; Откр 14,13Во гробот насилниците не прават насилство, а изнемоштените наоѓаат починка.

18Таму затворениците заедно се на­сладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.

19Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.

20Зошто на страдалникот му е дадена светлина, и живот – на душевно огор­чените,

21Ер 8,3; Откр 9,6кои ја очекуваат смртта, а неа ја нема, кои ја бараат повеќе отколку закопано богатство,

22Ос 9,1би се радувале до восхит, би биле среќни, зашто нашле гроб?

231,10Еве јас сум човек кој не знае каде оди, човекот чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил?

24Пс 42,3; 102,10Воздишките мои се моја исхрана, офкањата мои течат како вода,

2515,24; Ез 11,8; Изреки 10,24зашто страшното, од кое се ужа­сував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета.

26Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help