1 106,1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.
25 Мојс 10,17Славете Го Бог на боговите, зашто е вечна милоста Негова.
3Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова,
4Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова;
5Ер 10,12; 51,14; Изреки 3,19Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова;
624,2Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;
71 Мојс 1,16; Ер 31,35Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Негова;
8сонцето – да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова;
9месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова.
1078,51; 135,8; 2 Мојс 12,29Кој го порази Египет и првородените негови, зашто е вечна милоста Негова;
112 Мојс 12,51; 5 Мојс 4,34; 5,14; 26,8Кој го изведе Израел од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова;
12со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;
132 Мојс 14,21-22Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова;
14и го преведе Израел среде него, зашто е вечна милоста Негова;
152 Мојс 14,27; 15,4а фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова.
162 Мојс 13,18Кој го преведе Својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Негова;
17135,10-12Кој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова;
18и ги погуби силните цареви, зашто е вечна милоста Негова;
194 Мојс 21,21-35; 5 Мојс 1,4Сихон, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;
20и Ог, царот башански, зашто е вечна милоста Негова;
21и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова;
22во наследство на Својот слуга, Израел, зашто е вечна милоста Негова;
23Кој се сеќава на нас во нашето понижување, зашто е вечна милоста Негова;
24и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова;
25104,27; 145,15-16; Јов 36,31и Кој дава храна на секоја плот, зашто е вечна милоста Негова.
26Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
