Псалми 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 21Благодарност за победите во минатото

1 63,11 Господи, со Твојата сила се весели царот и за спасението од Тебе безмерно се радува!

220,4; 37,4Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли,

32 Сам 12,30; Ест 1,11зашто Ти го пресретна со добри благослови, му стави на главата круна со скапоцени камења.

461,6-7; 91,16; 1 Цар 1,31; 3,13; 2 Цар 20,1-7; Ис 38,1-20; Изреки 9,11; Дан 2,4; Неем 2,3Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долг живот во векови.

545,3; 96,6Голема е славата негова поради по­мошта од Тебе; Ти го покри со чест и величие.

672,17; 1 Мојс 12,2-3Ти положи на него вечен бла­гослов, развеселувајќи го со радоста на лицето Твое,

7зашто царот се надева на Господ и поради милоста на Севишниот нема да потклекне.

8Раката Твоја ќе ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ќе ги најде сите што Те мразат.

92 Сам 23,6-7; Ис 33,11-12; Ос 7,7; Мал 3,19Кога ќе се појавиш, ќе ги напра­виш како огнена печка; гневот Господ­ов ќе ги погуби, и оган ќе ги проголта.

10109,13; Јов 18,19Ти ќе го уништиш плодот нивни од Земјата, и семето нивно – меѓу човеч­ките синови.

11Ако смислат против Тебе зло и се договораат, – не ќе можат ништо да направат.

1218,40Ти ќе ги натераш во бегство, а од Твоите лакови ќе пуштиш стрели во лицето нивно.

1357,5-11Издигни се, Господи, со Твојата си­ла! Ние ќе ја воспеваме и ќе ја про­славуваме Твојата моќ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help