1 Ис.Н. 9,18 И се заколнаа Израелците во Мицпа, велејќи: „Никој од нас да не ја дава ќерка си на Венијаминовите синови за жена!“
220,23И народот дојде во Божјиот дом, седеа таму до вечерта пред Бога, кренаа голем писок, силно плачеа
3и велеа: „Господи, Боже Израелов, зошто се случи ова во Израел, па сега изчезна едно племе во Израел.“
420,26На другиот ден народот порани, и подигна таму жртвеник и принесоа жртви сепаленици, и жртви за мир.
5И рекоа синовите Израелови: „Кој уште од сите Израелови племиња не дошол на собранието пред Господ?“ Зашто голема клетва беше изречена пред оние што не беа дошле пред Господ во Мицпа, и беше речено, дека тие ќе бидат предадени на смрт.
6И синовите Израелови се смилија над братот свој Венијамин и рекоа: „Денес се истреби едно племе од Израел;
79,18што да направиме за жени на останатите од нив, кога се заколнавме во Господ дека нема да им ги даваме ќерките свои за жени?“
8И рекоа: „Има ли некое од племињата Израелови, кое не е дојдено пред Господ во Мицпа?“ И се покажа дека од Јавеш Галаадски никој не дошол на собранието пред Господ.
9Го прегледаа народот, и ете, немаше ни еден од жителите на Јавеш Галаадски.
10И општеството испрати таму дванаесет илјади души, и им дадоа заповед, велејќи: „Одете и поразете ги со меч жителите на Јавеш Галаадски, и жените и децата;
114 Мојс 31,17-18; 5 Мојс 20,10.20; 21,10-14и еве што ќе направите: ‚Секој маж и секоја жена што познава машко легло, убијте ги.‘“
12И најдоа меѓу жителите на Јавеш Галаадски четиристотини моми што не познале машко легло, и ги доведоа во логорот кај Силом, кој е во хананската земја.
1320,45-47; 5 Мојс 2,26Тогаш целото општество испрати луѓе да разговараат со синовите Венијаминови, кои беа кај карпата Римон, и им објавија мир.
14И така Венијаминовите синови се вратија и им дадоа жени што беа останале живи од жените на Јавеш Галаадски; но излезе дека тие не стасуваат.
15А на народот, пак, му беше жал за Венијамин, поради тоа што Господ не ја зачува целината на Израеловите племиња.
16И си рекоа старешините народни: „Што да направиме за жени на другите синови, бидејќи жените кај Венијамин се убиени?“
17И рекоа: „Наследството на Венијамин нека остане, за да не се сотре едно племе од Израел.
1821,1Но ние не можеме да им дадеме жени од нашите ќерки, зашто синовите Израелови се заколнаа, велејќи: ‚Проклет да биде оној што ќе му даде жена на Венијамин!‘“
19Ис.Н. 18,1И рекоа: „Ете, секоја година е празник Господов во Силом, на север од Ветол и на исток од патот, кој води од Ветил за Сихем, и на југ од Левона.“
20И им заповедаа на синовите Венијаминови, велејќи: „Одете и сокријте се во лозјата,
21и гледајте, кога ќе излезат момите од Силом да играат оро, излезете од лозјата и грабнете си секој жена за себе од тие моми, па одете си во земјата Венијаминова;
221 Мојс 34,5-31; 2 Сам 13,20-29а кога ќе дојдат татковците, или браќата нивни да се поплачат кај нас, ние ќе им речеме: ‚Простете ни за нив, бидејќи ние не зедовме за секого од нив жена во време на војната, и вие не им дадовте; сега вие сте виновни.‘“
23Така и направија синовите Венијаминови, и зедоа според бројот свој жени од оние што беа во орото и кои ги одзедоа, па тргнаа и се вратија во делот свој, и изградија градови и заживеа во нив.
24Во исто време Израелците се разотидоа оттаму, секој според родот свој и според племето свое, отиде во делот свој.
255 Мојс 12,8Во тие денови Израел немаше цар: секој го правеше она што му се чинеше дека е добро.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.