1Јахве, Господи наш, колку е величествено името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата.
257,5; Евр 1,3Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја заради непријателите Твои, за да го замолкнеш непријателот и одмаздникот.
3Мт 11,25Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти:
4Што е тоа човек, та си спомнуваш за него, или син човечки, па се грижиш за него?
5144,3; Јов 7,17-18; Евр 2,6Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го овенчал,
621,5; 1 Мојс 1,26-27и си го поставил над делата од рацете Твои, и сѐ си потчинил под нозете негови;
71 Мојс 1,28; 10,2; 1 Кор 15,25-27; Ефес 1,22; Евр 2,8овците и воловите сите, и ѕверовите полски;
8птиците небески и рибите морски, сѐ што се движи по морските патишта.
9Јахве, Господи наш, колку е величествено името Твое по целата земја!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
