1 1,26 Ова е родослов на Адам: Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји.
2Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човечки суштества – во денот кога беа создадени.
3Адам поживеа сто и триесет години, кога му се роди син според подобието негово и според образот негов, и му даде име Сит.
4А откако го роди Сит, Адам поживеа уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки.
5И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа тој умре.
6Сит, пак, поживеа сто и пет години и му се роди Енох.
7По раѓањето на Енох, Сит живееше уште осумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки;
8така поживеа Сит вкупно деветстотини и дванаесет години и потоа умре.
9Енох, пак, имаше деведесет години, кога му се роди Каинан.
10А откако го роди Каинан, Енох живееше уште осумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки;
11и така сите денови на Енох изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре.
12Каинан, пак, поживеа седумдесет години и го роди Махалалеил;
13а по раѓањето на Махалалеил Каинан живееше уште седумстотини и четириесет години, раѓајќи синови и ќерки.
14И така Каинан поживеа вкупно деветстотини и десет години; и умре.
15А Махалалеил поживеа шеесет и пет години, и го роди Јаред.
16По Јаредовото раѓање Махалалеил живееше уште осумстотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки.
17А сите денови од животот на Махалалеил беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре.
18Јаред, пак, поживеа сто шеесет и две години и го роди Енох;
19а откако го роди Енох, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки.
20Сите денови, пак, од животот на Јаред изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре.
21Енох, откако поживеа шеесет и пет години, го роди Метушелах;
2249,14а по раѓањето на Метушелах, Енох живееше според волјата Божја триста години, раѓајќи синови и ќерки.
23А сите денови на Енох изнесуваа триста шеесет и пет години.
24Евр 11,5И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде.
25Матусал, пак, поживеа сто осумдесет и осум години, и го роди Ламех;
26па, откако го роди Ламех, Метушелах живееше уште седумстотини осумдесет и две години, раѓајќи синови и ќерки;
27а сите денови од животот на Метушелах беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре.
28Ламех, пак, откако поживеа сто осумдесет и две години, доби син.
293,17-19И го нарече Ное, велејќи: „Овој ќе нѐ утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ ја проколна.“
30А откако се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини деведесет и пет години, раѓајќи синови и ќерки.
31Така поживеа Ламех вкупно седумстотини седумдесет и седум години; и умре.
326,10; 9,18; 10,1Ное имаше петстотини години, кога ги роди: Сим, Хам и Јафет.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.