1 .
Тир ќе биде заборавен11 14,27; Јов 9,6 Тој протегна рака врз морето, затресе царства; Господ додаде повелба за Ханан – да ги разруши тврдините негови,
12Пс 94,3; Јов 10,3и рече: „Нема повеќе да ликуваш, посрамена девице, ќерко сидонска, оди во Китим, но и таму нема да имаш мир.“
1313,21; 34,14; Ер 50,39; Ез 26,12Ете ја земјата на Халдејците. Тој народ постојано го немаше; Ашур му стави почеток од пустински жители. Тие ги издигаа кулите свои, ги соборуваа дворците негови, го претворија во урнатини.
14Плачете, кораби таршишки, зашто вашата тврдина е разрушена.
15Ер 25,11-12И во тој ден ќе го заборават Тир за седумдесет години, колку што се деновите на еден цар. А по седумдесет години ќе се пее за Тир, како што се пее за блудница:
16„Земи харфа, тргни по градот, блуднице заборавена! Свири убаво, пеј многу песни за да се сеќаваат на тебе.“
1710,3; Откр 17,2И ете, по седумдесет години Господ ќе го посети Тир; и тој пак ќе ја добива печалбата своја и ќе блудствува со сите земни царства по целата вселена.
18Јоил 2,26Но трговијата негова и печалбата му ќе бидат посветувани на Господ; нема да бидат затворени и натрупани во складови, зашто печалбата од трговијата негова ќе преминува на оние што живеат пред лицето на Господ, за да јадат до наситување и да имаат трајни облеки.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
