1 10,11-28 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
2Ер 4,21; Пс 74,4„Синовите израелски треба да логоруваат секој кај своето знаме со ознаките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост.
3Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав.
4Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.
5По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаровите потомци Натанаил, синот на Цуар,
6чија сила е изброена на педесет и четири четиристотини војници.
7Понатаму племето Завулоново, и началникот на потомците Завулонови Елијав, синот Хелонов;
8бројот на неговата војска изнесува педесет и седум илјади и четиристотини војници.
9Суд 1,1Сите изброени во Јудиниот табор се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини војници; тие први да тргнат.
10Кон југ да бидат распоредени Рувимовите легиони со војниците свои и началникот на потомците на Рувим Елицур, синот на Шедеур;
11бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.
12До него да се настани племето Симеоново, и началникот на потомците на Симеон Шелумиел, синот на Цуришадај;
13а неговите војници изброени беа педесет и девет илјади и триста.
14Потоа да се настани племето Гадово, и началникот на потомците Гадови Елјасаф, синот на Рагуил;
15неговата војска беше на број четириесет и пет илјади шестотини и педесет војници.
16Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот табор изнесува сто педесет и една илјада четиристотини и педесет војници; тие втори да појдат.
1710,11-28Кога ќе се крене скинијата на собранието, таборот на левитите да биде во средината на другите табори. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место и кај своето знаме.
181 Мојс 48,20; Ер 31,18-20Откај запад да биде војската на Ефремовиот табор, и началникот на потомците Ефремови Елишама, синот Амиудов;
19во неговата војска изброени беа четириесет илјади и петстотини војници.
20До него да се смести племето Манасиево, и началникот на потомците Манасиеви Гамалиил, синот на Педацур.
21Со неговата војска која брои триесет и две илјади и двесте војници.
22Потоа да се смести племето Венијаминово, и началникот на потомците Венијаминови Авидан, синот Гидониев,
23заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.
24Сите изброени војници од Ефремовиот табор се сто осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.
25Откај север да биде таборот на Дановата војска, и началникот на потомците Данови Ахиезер, синот на Амишадај;
26неговата војска, според пребројувањето изнесува шеесет и две илјади и седумстотини војници.
27А до него да се смести племето Асирово, и началникот на потомците Асирови Пагиил, синот Охранов,
28заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.
29Потаму племето Нефталимово, и началникот на потомците Нефталимови Ахира, синот Енанов,
30и неговите педесет и три илјади и четиристотини војници.“
31Ис.Н. 6,9Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот табор, се сто педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат со знамињата свои.
321,46; 2 Мојс 12,37Тоа се изброените синови израелски според фамилиите нивни. Сите изброени во таборите, според четите им, се шестотини и три илјади петстотини и педесет.
33А левитите не се броени со другите синови на Израел, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
34И направија синовите израелски сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеј; така се распоредуваа при знамињата свои, и така одеа секој според племето свое и според семејствата свои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.