1Одговори на тоа Јов и рече:
212,2„Како му помогна ти на слабиот, како ја поткрепи раката на немоќниот!
313,1Каков совет му даде ти на неразумниот и како ја покажа својата мудрост!
417,5Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од тебе?
Универзалната моќ на Бога5 24,22 Подлабоко од водите, и под оние што живеат во нив, треперат мртовците.
6Пс 139,8Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над него.
738,6Го послал Тој северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.
838,28Тој ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора.
937,18; 38,25Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак.
1038,24Ставил круг над водната површина на границата меѓу светлината и темнината.
1138,33Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова.
1238,8-11Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово.
1337,21Со Својот Дух го разбистри небото; раката Негова ја прободе лукавата змија.
1437,2Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата моќ?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
