1 Изреки 7,13 О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ќе те сретнев на улица, ќе сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат.
23,4; 5,1; 4,13Ќе те поведев и доведев во куќата на мајка ми. Ти ќе ме учеше, а јас, пак, ќе те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки.
32,6Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува.
42,7Возљубениот: Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, немојте да ја разбудувате и немојте да ја вознемирувате возљубената, сѐ додека сама не посака!
53,6; 2,3Хорот: Која е таа, што доаѓа од пустината, потпирајќи се на својот возљубен?
Силата на љубовтаВозљубената: Те разбудив јас под јаболкницата: таму те родила мајка ти, таму те добила твојата родителка.
61 Мојс 38,18; 1 Цар 21,8; Ер 22,24; Агеј 2,23; Ис 28,15; Ос 13,14; Авак 2,5Положи ме како печат на срцето свое, како прстен на раката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората – лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен.
7Ис 43,2; 50,2; Пс 18,16; 77,20; 1 Мојс 34,12; Изреки 6,31; 31,10Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.
8Хорот: Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ќе правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови?
9Да беше карпа, ќе изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ќе ја обложевме со кедрови штици.
10Возљубената: Јас сум тврдина, а градите мои се кули; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир.
111,6Хорот: Соломон имаше лозје во Баал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодовите негови по илјада парчиња сребро.
12Возљубената: А моето лозје си е кај мене. Илјадата нека се за тебе, Соломоне, а двесте – за чуварите на плодовите негови.
13Возљубениот: Жителко на градините, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам.
14Возљубената: Побрзај мил мој, и биди како срна и како еленче по гори мирисни!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
