Јов 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Одговор на Јов (продолжение): тој Му се жали на Бога

1 14,14 „Нели е ограничен земниот жи­вот за човекот? Дните негови нели се како дни на наемник?

25 Мојс 24,15; Проп 2,23; Мт 20,8Како што робот копнее за сенка, и како што наемникот го чека крајот на работата своја,

3така и јас добив наследство месеци на небиднина; тажните ноќи ми се изброени.

45 Мојс 28,67Легнувајќи, си мислам: кога ли ќе станам? А ноќта е бескрајна и несоница ме измачува од вечерта до утрото.

519,20Телото ми е покриено со црви и праш­ливи наслаги; кожата ми се распукнува и гнои;

69,25; Ис 38,12деновите мои летаат побрзо од совалка и исчезнуваат без надеж.

77,16; 10,20; 14,1; Пс 78,39; 89,48Спомни Си дека животот мој е ветар, дека окото мое нема веќе добро да види.

8Нема да ме види окото на оној што ме видел; Твоите очи се на мене, а мене ме нема,

9Проп 1,2; Јк 4,14како кога облак се проретчува и исчезнува, така слезениот во гроб нема да излезе;

1010,21; 14,12; 16,22нема повеќе да се врати во куќата своја; ни местото негово нема веќе да го познае.

118,18; 9,35; 10,1Затоа нема да ја воздржувам устата своја; ќе говорам иако сум тажен во ду­хот свој, ќе се поплакувам во горчината на душата своја.

129,8; 38,8.11Зар сум море или морско чудо­виште, та си поставил стража над мене?

13Кога ќе си помислам: ‚Моето легло ќе ме утеши; мојата постела ќе ја однесе тагата моја.‘

14Ти ме плашиш со соништа и со привиденија ме ужаснуваш!

156,9Затоа душата моја сака повеќе да се прекине дишењето, подобро смрт; смртта ми е помила од моите маки.

16Пс 39,5Ми омрзна животот! Нема вечно да живеам. Оддалечи се од мене, дните мои се само суета.

17Пс 8,4; 144,3Што е човекот, та толку си го издигнал? И такво внимание му обрнуваш?

18Пс 73,14; 139Зошто го посетуваш секое утро? Зошто го искушуваш секој миг?

199,18; 10,20Кога ќе ме оставиш? Кога ќе си одиш од мене? Кога ќе ми дозволиш плунката своја да ја голтнам?

206,4; 14,6; 16,13; 35,3Ако сум згрешил, што сум на­правил, о чувару над луѓето? Зошто ме избра за Своја мета, па да сум Ти на товар?

2110,14Зар престапот мој не можеш да го однесеш? Зар не можеш да ми го простиш беззаконието мое? Зашто, ете, уште малку и во прав ќе легнам; утре ќе ме побараш, а нема да ме има.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help