Јов 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Говор на Вилдад: за гревовите се одговара – порано или подоцна

1Тогаш одговори Вилдад од Шуах и рече:

2„До кога ќе говориш така? И збо­ровите од устата твоја се бурен ветар!

35 Мојс 32,4; 34,10-12Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата?

41,19Ако твоите синови пред Него згре­шиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие.

511,13Но ако Го побараш Бога и Му се помолиш на Седржителот,

6и ако си чист и праведен, тогаш Тој ќе бдее над тебе и ќе те врати во твојата праведност.

79,28-29И ако порано си имал малку, после ќе имаш повеќе.

812,12; 14,2; 15,18; 5 Мојс 4,32Запрашај ги поранешните поколе­нија и вникни во мудроста на нивните предци;

9ние сме вчерашни и ништо не знае­ме, нашите дни се како сенка на земјата.

10Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат збо­рови:

1115,30.33никнува ли трска без влага? Расте ли шамак без вода?

12Додека е сѐ уште зелен и нео­косен, тој се суши пред секоја трева.

13Пс 9,17; Изреки 10,28Такви се патиштата на сите, кои Го забораваат Бога; така пропаѓа надежта на безбожникот;

1427,18; Ис 59,5; Мт 7,26-27надежта му е тенка нишка, вербата негова – мрежа пајакова.

15Ако се потпре на куќата своја, нема да издржи; ќе се фати ли за неа, нема да додржи.

16Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја пре­к­риваат,

17во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен.

18Но кога ќе го искорнат од местото негово, тоа ќе се откаже од него: не сум те видело!

19Ете ја радоста на неговиот пат! А од земјата никнуваат растенија други.

209,23-24Не, Бог не ги отфрла непо­рочните и не ја поддржува раката на беззакониците.

21Со смеа ќе ја наполни устата твоја, и усните твои – со радосни извици.

22Пс 6,10; 35,26; Изреки 14,11Оние што те мразат, со срам ќе се покријат, живеалиштето на нечес­ните ќе исчезне.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help