Јов 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Последен говор на Јов (продолжение)

1 19,18 „А сега ми се потсмевнуваат помладите од мене, оние, чии тат­ковци не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои.

2И за што ми е силата на нивните раце? Над нив помина веќе времето.

324,5Истоштени од сиромаштија и глад, тие бегаа во рамнина безводна, темна и запустена;

4собираа посолени лисја од грмушка и смрекови корења им беа храна.

5Ги гонеа луѓето и викаа по нив како по крадци.

6Суд 6,2; 1 Сам 13,6Живееја во поточни долови, земни дупки и пештери.

7Викаа меѓу грмушките, се вовираа под трњето.

8Суд 11,2Луѓе отфрлени, луѓе безимени; со стап протерани од земјата.

916,7-11; 17,6; Пс 69,12; Плач 3,14Ете, ним им станав јас сега пот­смев и приказ за разговорот нивни.

10Ис 50,6Тие се гадат од мене, ме одбегнуваат и не се воздржуваат дури и да плу­каат на мене.

11Затоа што Бог ми го олабави ла­кот и ме кутна на земја, тие немаат никаква воздржаност во мое присуство.

1219,19Оддесно се крева тој изрод, ме пова­лија и кон мене ги насочија па­тиштата свои погубни.

1324,13А мојот пат го разрушија: сѐ напра­вија за мојата погибел, без ни­чија помош.

1413,12; 21,34Доаѓаат кај мене како низ широк пролом; шумно се нафрлуваат врз мене.

1517,15Ужаси ме сполетаа; како ветар се расеа моето величие, и доброто мое од­мина како облак.

1616,13Сега душата ми се топи во мене; мачни денови ме налегнаа.

1733,19Ноќе ме вртат коските мои, жилите ми немаат мир.

187,5Со голема мака се соблекува од мене облеката моја; јаката на мојот хитон ме задавува.

199,31Тој ме фрли во калта; станав како прав и пепел.

2019,7Викам кон Тебе, и Ти не ме слу­шаш, – стојам, а Ти само ме гледаш.

2116,12-14Ти стана жесток спрема мене, со силна рака ме поразуваш.

22Ти ме крена и ме натера да се носам по ветар и ме сотираш.

2317,16Знам дека Ти ќе ме дотераш до смрт, во домот каде што се собираат сите живи.

2419,21Зарем не подава рака оној што се дави? Не бара ли помош човек во несреќа?

2529,25Зар не сум плачел за оној што беше во зло, не тажеше ли душата моја за бедните?

2629,18Додека го чекав доброто, дојде злото; дури чекав светлина, дојде тем­нина.

276,4Утробата моја врие без престан и не се смирува; мачни денови ми наидоа.

28Плач 4,8Одам поцрнет, но не од сонце; ста­нувам во собранието и викам.

29Мих 1,8; Пс 102,6-7Станав брат на чакалите и пријател на ноевите.

30Плач 3,4Кожата ми поцрне на мене, а кос­ките ми се исушија од горештина.

31Амос 8,10; Плач 5,15И гуслата ми стана таговна, и свирката моја – глас плачевен.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help