1 Рим 12,7; 1 Кор 12,28-29; Ефес 4,11 Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме.
21,4Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело.
3Пс 32,9Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.
4Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака;
5а така и јазикот е мал орган, но големи работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува;
6Мт 5,22; 12,36-37; 15,11.18-19и јазикот е оган, свет полн со неправда; јазикот се наоѓа во таква положба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.
7Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род,
8Пс 140,3; Рим 3,13а јазикот никој не може да го скроти: тој е немирно зло и полн со смртоносен отров.
91 Мојс 1,26-27; 5,1; 1 Кор 11,7Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо.
10Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.
11А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода?
12Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Така, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.
Мудроста озгора и земната мудрост13Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост.
14Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината:
151,5.17; 1 Кор 2,14тоа не е мудрост која доаѓа озгора, туку земна, душевна, бесовска;
16зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сѐ е лошо.
172,13; Мт 5,7.9; Гал 5,22-25; Евр 12,11; 1 Птр 3,4; 3,10-11.16А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна.
18Ис 32,17; Мт 5,9; Евр 12,11Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.