1 Ефес 6,18; Фил 4,6 Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:
2Рим 13,1-7; Тит 3,1за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство.
31 Птр 3,9Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог,
4Ез 18,23; Јн 8,32Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
5Рим 3,29.30; 1 Кор 8,6; Евр 8,6; 9,15; 12,24Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус,
6Мт 20,28; 2 Кор 5,15; Гал 1,4; Ефес 5,2; Тит 2,14Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време;
71,11; Дела 9,15; Гал 2,7-8; 2 Тим 1,11па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.
За мажите и жените8Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.
9Ис 3,16; 1 Птр 3,2-4Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки,
105,10туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста.
111 Мојс 3,16; 1 Кор 14,34-35Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост.
121 Кор 11,3На жената не ѝ допуштам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
131 Мојс 2,18-24; 1 Кор 11,8-9Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева;
141 Мојс 3,6; 2 Кор 11,3и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап.
151 Кор 13,13Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
