1 Коринтјаните 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Правата и должностите на апостолот

1 15,8 Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ?

22 Кор 3,2-3Ако за други не сум апостол, за вас сепак сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господ.

3Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат:

4Зар немаме право да јадеме и да пи­еме?

5Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?

62 Сол 3,8Или само јас и Варнава немаме пра­во на издршка?

7Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко?

8Зар го зборувам ова само како чо­век? Не го вели ли истото и Законот?

95 Мојс 25,4Бидејќи во Мојсеевиот закон е напи­шано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите?

10Или го вели тоа, главно, за нас? – Да, за нас е напишано тоа; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и кој врши, да врши со надеж дека ќе го до­бие она што го очекува.

11Рим 15,27; Фил 4,14.17Ако сме го посеале кај вас духовното, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното?

12Ако други имаат право на дел од ва­шиот посед, тогаш немаме ли ние уште повеќе? Но ние не го користевме тоа право, туку сѐ трпиме за да не направи­ме некаква пречка на Христовото Еван­гелие.

135 Мојс 18,1-3Не знаете ли дека оние што свеш­те­нодејствуваат, се хранат од свети­лиш­те­то, и кои служат на жртвеникот, делат со жртвеникот?

14Така и Господ заповедал проповедниците на Евангелието да живеат од Евангелието.

152 Кор 11,10Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за да се направи така за мене. Зашто за мене е подобро да ум­рам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе.

16Зашто, ако проповедам Евангелие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не го про­поведам.

17Ефес 3,2Ако доброволно го вршам тоа, то­гаш имам награда; а ако без своја волја – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена.

18А каква ми е наградата? Про­по­ве­дајќи да го предавам Евангелието бес­платно, не ползувајќи го своето право од благовестувањето.

19Зашто, иако сум слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам:

20Дела 16,3; 21,26за Јудејците станав Јудеец, за да придобијам Јудејци; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и тие под Закон;

21за оние што се без закон, станав ка­ко да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон.

22Рим 14,1; 15,1За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив.

23А ова го правам поради Еван­ге­ли­ето за да бидам соучесник во него.

24Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така тр­чајте и вие, за да добиете.

25Фил 3,14; 2 Тим 2,5; 4,7-8; Јк 1,12; 1 Птр 5,4; Откр 2,10; 3,11Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив ве­нец, а ние – нераспадлив.

26Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар,

27туку го истоштувам и го поробувам телото, та проповедајќи им на другите, да не бидам и самиот отфрлен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help