1 33,31 „И така, слушај ги Јове, зборовите мои и внимавај на сѐ што ќе ти кажам.
2Еве, ја отворам устата своја, јазикот ми говори под непцето мое.
3Зборовите мои се искрени од срцето мое, и устата моја ќе искаже чиста вистина.
434,14Духот Божји ме создал, и здивот на Седржителот ми дал живот.
533,32Ако можеш, одговори ми и застани спроти мене.
631,15Еве ме мене, според твојата желба, место Бога. И јас сум направен од кал;
723,15поради тоа стравот пред мене не може да те збуни, и раката моја нема да биде тешка за тебе.
8Ти зборуваше пред мене, и јас го чув гласот на твоите зборови:
910,7; 16,17‚Чист сум, без порок, невин сум; во мене нема неправда;
109,20.29; 13,24А Тој најде обвинение против мене и ме смета за Свој противник;
1113,27; 19,6.11нозете ми ги стави во окови, ги надгледува сите мои патишта.‘
124,19; 11,5-9Ете, во тоа ти не си прав, ти одговарам; човекот со Бога не може да се мери.
139,16; 23,8; 24,1.12Зошто ти е да се бориш против Него? Тој не дава сметка за Своите дела.
144,12-16; 7,14; 35,10Бог говори еднаш на еден начин а потоа на друг, но луѓето не внимаваат:
15на сон, во ноќно видение, кога сонот ги соборува луѓето, во време, кога спијат на своето легло,
167,4.13; 30,27тогаш Тој му го отвора на човекот увото и го запечатува Своето кажување,
1735,12; 36,9-10за да го одвлече човекот од лошо дело, и да ја отстрани гордоста од него,
1833,28-30; 36,11за да ја запази душата негова од бездна, и животот негов од пораз со меч.
1916,12-15Или, пак, го вразумува со болест на постелата негова, и со лута болка во сите коски негови;
206,6-7; Пс 107,18така што животот негов да се гади од лебот, душата негова – од омилената храна.
2119,20Месото негово исчезнува; коските негови, кои пред тоа не се гледале, се подаваат.
2217,13Душата негова се приближува кон гробот, а животот негов – до смртта.
231,9-11Ако има кај него ангел, еден од илјада, за да му го покажува правиот пат, –
242,6Бог би се смилувал над него и би рекол: ‚Ослободи го од гробот; Јас најдов откуп.‘
2542,10Тогаш телото негово ќе се подмлади повеќе, отколку во млади години; и тој ќе се врати во дните на младите свои години.
2642,4-6Ќе Му се моли на Бога, и Тој ќе биде милостив спрема него; со радост ќе го погледнува лицето негово и ќе му ја враќа праведноста негова.
2740,4-5Тој ќе ги гледа луѓето и ќе вели: сум грешел и сум ја искривувал правдата, и не ми е вратено со зло;
2842,12Тој ја ослободи душата моја од гроб; животот мој гледа светлина.
295,17-18Ете, сето тоа Бог му го прави два до трипати на човекот,
3028,28за да ја изведе душата негова од бездната и да го просвети со светлината на живите.
31Внимавај, Јове, слушај ме, молчи, јас ќе зборувам.
32Ако имаш нешто да кажеш, одговарај; зборувај, зашто јас го посакувам твоето оправдување;
33ако, пак не, тогаш слушај ме: молчи и јас ќе те научам на мудрост.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.