1 10,1; 25,1; 1 Цар 5,12; Проп 1,1; 12,9 Изреки на Соломон, син Давидов, цар израелски,
Цел на книгата2 7,4; Ис 11,9; Ер 31,34; 2 Тим 3,16 за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот;
32,1; 4,10; Ис 29,24за да се усвојат правилата на благоразумието, правосудието, судот и правината;
42,10-11; 3,21; Ез 36,26да им се даде на простите разумност, на младите – знаење и расудување.
59,9; 11,14; 16,21; 20,18Ако мудриот слуша, ќе ги умножи знаењата свои, и разумниот ќе најде мудри совети,
61 Цар 10,1; Ис 32,4; Ез 17,2; Пс 49,3; 78,2за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки.
72,5; 9,10; 14,2; 15,33; Јов 28,28; Проп 12,13Почеток на мудроста е стравот Господов; само глупавите ги презираат мудроста и поуката.
Предупредување кон лошите деца8 4,1; 6,20 Слушај ја, синко, поуката на својот татко и не отфрлај го заветот на мајка си,
94,9зашто тоа е красен венец за главата твоја и украс за вратот твој.
1016,29; 5 Мојс 13,7; Пс 50,18Синко, ако те мамат грешници, не попуштај;
111 Мојс 37,20; 1 Цар 21,9-10; Пс 10,8ако кажат: „Дојди со нас, да направиме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина,
124 Мојс 16,31-33; Пс 124,3; Јк 5,6жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб;
13Ис 3,14; 5,8да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куќите наши со плен;
14ти ќе фрлаш ждрепка заедно со нас, една торба ќе има за сите нас.“
154,14; Пс 1,1; 119,101Синко, не оди на пат со нив, задржи си ја ногата од патеките нивни,
166,17-18; Ис 59,7; Рим 3,15зашто нозете нивни трчаат кон злото и брзаат крв да пролеваат;
176,5; 7,23; 27,8; Проп 9,12зашто напразно е да се распнува мрежа пред очите на сите птици.
188,36; 9,12; 15,32Но тие прават заседа против крвта своја, демнат против душите свои.
1915,27; 28,16; Ис 33,15Такви се патиштата на секој, кој е алчен на туѓ имот: тоа му го одзема животот на оној, што го заграбил.
За мудроста20 8,1-3; 9,3; Јн 7,37 Мудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите,
21проповеда во главните места за собирање, при влезовите на градските порти смело говори:
223,7; 14,16; 22,3; 28,26„До кога, незнајници, ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето?
23Ис 11,1-4; 32,15; Јоил 3Обрнете се кон моите изобличувања; еве, јас ќе го излеам духот свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите свои.
24Ис 65,2.12; 66,4; Ер 7,13; Зах 7,11; Мт 11,16Јас викав, а вие не послушавте; ја протегав својата рака, но никој не ја забележа;
25Пс 107,11; Лк 7,30вие ги отфрливте моите совети, не внимававте кога ве изобличував.
263,34; Пс 2,4Затоа ќе се насмеам на вашата погибел; ќе се зарадувам кога ќе ве снајде ужас,
2710,25; Соф 1,15кога ќе ве нападне ужас како бура, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде неволја и мака.
281 Сам 8,18; Ис 1,15; Ер 11,11; Мих 3,4; Пс 18,41; Јов 27,9; Јн 7,34Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да чујам; ќе ме бараат и нема да ме најдат.
291,22; Ис 1,3; 5,13Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов;
303,11; Пс 81,11затоа што не го примија мојот совет и ги презреа моите разобличувања.
315,22-23; 14,14; 22,8; Ер 6,19; Јов 4,8Поради тоа тие ќе јадат од плодовите на своите патишта и ќе се наситуваат од своите замисли.
32Ер 2,19; Мт 19,8Зашто неразумните ќе ги убие нивната упорност, а глупавите ќе ги погуби нивната негрижа;
333,24-26; Пс 25,12-13но кој мене ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.