1 96,7-9 Воздајте Му на Господ, синови Божји, воздајте Му на Господ слава и моќ,
2воздајте Му слава на Господ на името Негово, поклонете Му се на Господ во Неговото светилиште.
318,10-15; 77,17-18; 97,2-4; 104,7; 2 Мојс 19,16; 19,17-18; Ис 30,30; Ез 10,5; Авак 3; Јов 37,2-5Гласот Господов е над водите; Бог на славата грми, Господ над силните води.
4Гласот Господов е во силата, гласот Господов полн со величественост.
5Гласот Господов крши кедри; ги крши Господ кедрите леванонски,
6114,4и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион – како младо биволче.
7Авак 3,11Гласот Господов фрла огнен пламен.
8Гласот Господов ја потресува пустината; ќе ја затресе Господ пустината Кадис.
9Гласот Господов ги породува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова.
101 Мојс 6–9; Ис 54,9Господ седи на престолот над водите, и ќе седи Господ како цар довека.
1128,8; 68,35; Дан 7,27Господ ќе му даде сила на Својот народ, Господ со мир ќе го благослови народот Свој.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
