Псалми 81 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 81Вистинско празнување

1 8,1 Радувајте се во Бога, нашата Сила, воскликнете кон Бога Јаковов;

2запејте песна, удрете во тимпан, на милозвучна лира со харфа;

3затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на ваши­от празник,

43 Мојс 23,24; 4 Мојс 29,12; 2 Цар 4,23; Ис 1,13; Ос 2,13; Амос 8,5зашто тоа е закон за Израел, на­редба од Бог Јаковов.

5Тој го установи тоа како сведош­тво за Јосиф, кога тој излезе од египетската земја, каде што чу јазик што не го знаеше:

6„Јас го симнав товарот од рамени­ците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.

72 Мојс 1,14; 6,5Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.

895,8; 2 Мојс 17,1-7; 19,15-18; 4 Мојс 20,2-13Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведочам, ако Ме послушаш, Израеле!

92 Мојс 15,26; Ис 55,2-3Да немаш друг бог и да не му се поклонуваш на друг земен бог!

102 Мојс 20,2-3Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја наполнам.

11Но Мојот народ не го послуша гласот Мој, Израел не Ми се покори;

125 Мојс 9,7затоа Јас ги оставив на нивните закоравени срца; нека одат по мислите свои.

13Ер 3,17; 7,23О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израел да одеше по Моите патишта!

14Ис 48,18Веднаш ќе ги покорев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.

153 Мојс 26,7-8Оние, што Го мразат Господа, би ползеле до Него, и нивниот крај би бил запечатен засекогаш.

165 Мојс 32,13А Мојот народ ќе го хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед пештерски.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help